fbpx
Таг: Заев

таг: Заев

Како непроверен политички коментар на потпретседател на опозициска партија во Албанија, стана вест

Албанскиот портал „Стандард.ал“ објави напис со наслов „Заев ни образложи за кого работи Рама или рускиот татко!“ со тешки обвинувања за премиерот Еди Рама, кој се повикува на Фејсбук статус на Петрит Васили, потпретседател на опозициското Социјалистичко движење за интеграции, од кој се добива впечаток дека премиерот Зоран Заев, во објавените разговори од руските комичари ја потврдува “предавничката” вмешаност...

Дезинформации околу „извинувањата“ на Заев до Тачи и Вучиќ

Српкиот портал „Телеграф“ објави текст во кој се наведуваат детали од разговорот на македонскиот премиер Зоран Заев со косовкиот претседател Хашим Тачи, а во врска со измамата со телефонските разговори што ги имал Заев со лажниот претседател Порошенко и ген-секот на НАТО, Јенс Столтенберг. Порталот, повикувајќи се на вест на „Танјуг“ од Приштина, де факто пренесува изјава на Хашим Тачи...

Анализа: Измамениот Заев – вест со краток здив, но со можни последици по премиерот и по државата

Веста на неделата – измамничките телефонски разговори на премиерот Зоран Заев со двајцата руски, наводно, шегобијци – нема капацитет подолгорочно да се задржи во медиумскиот простор во земјата и светот, но можно е да има импликации по угледот на Република Северна Македонија и секако, импликации по угледот на премиерот лично. Ова е заедничка констатација на повеќе домашни аналитичари во коментарите...

Од домашни „бомби“ до руска салата: Четиригодишна аудио голгота

Снимениот телефонски разговор на премиерот Зоран Заев со руските комичари Вован (Владимир Кузнецов) и Лексус (Алексеј Столјаров), кои го измамија македонскиот премиер, претставувајќи се како поранешниот украински претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, од вчера (09.07.2017) е топ тема во македонската јавност, но и во поширокото опкружување. Видеото кое го објавија двајцата пранк(ст)ери, содржи три...

„Вистиномер.мк“: Тие што го измамиле Заев немаат проблем да бидат „оружје на Кремљ“

Премиерот Зоран Заев даде изјава која ј„Вистиномер.мк“ ја оцени како вистинита: … Должен сум да кажам дека и јас станав еден од оние што во изминатите неколку години се измамени од добро организирана структура. Тоа се структури што извлекуваат придобивки од нови облици, алатки и тактики за медиумска дискредитација и медиумско влијание, најчесто насочени против личности и земји со евроатлантски аспирации....

Заев: Бев измамен од организирана структура која е против нашето членство во НАТО

За жал станав еден од измамените од страна на добро организирана и инвентивна структура, која е насочена против личности и земји насочени кон евроатлантски аспирации за да им се наштети, рече денеска премиерот Зоран Заев на прес-конференција која ја одржа по повод објавеното видео на „Јутјуб'“ од руските „пранкери“ Владимир Кузенцов (Вован) и Алексеј Столаров (Лексус), кои лажно се...

Професорот Рашковски не може да се одвои од ген-секот Рашковски

Премиерот Зоран Заев даде изјава во врска со случајот со генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, која „Вистиномер.мк“ ја оцени како „недоследна“: Прво, се работи за лична чест и достоинство. Ние сме транспарентна влада и го сакаме критичкиот осврт на медиумите, но не може некого да правите салата кога сакате и како сакате, како физичко лице. Владата нема да поднесе...

Грчки медиуми „ги сретнаа“ Заев и американскиот амбасадор Пјат на Халкидики

Неколку грчки онлајн медиуми, а и сериозната То Вима, со манипулативна информација која се однесува на истовремено патување на премиерот Зоран Заев и американскиот амбасадор во Атина, Џефри Пјат на Халкидики, ѝ сугерираа на грчката јавност дека дошло до „тајна средба“ меѓу двајцата функционери за време на минатиот викенд. Повикувајќи се на „неименувани сигурни извори“ информацијата прв ја објави „Халкидики...

Анализа: Наместо „метла“ – крпче за полирање порцелан

Реконструкцијата на Владата, односно „метлата“ на премиерот Зоран Заев се сведе на крпче за полирање порцелан, наместо да биде она што навистина би требало да биде, сеопфатна реконструкција на Влада која би имала смисла и причина. Листата на министри за разрешување се сведе на тројца, откако останатите четворица си поднесоа оставки како последица на претходни договори или со нив...

На просечната плата и недостигаат уште 100 евра да порасне до 500 евра

Премиерот Зоран Заев 2019 година ја прогласи за „економска година“, укажувајќи дека просечната плата од 500 евра е граница која е остварлива, но во јавноста се отвари дилемата дали постои реална можност за достигнување на тој износ. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2019 година изнесува 24.785 денари или околу...

Анализа: Датумот за преговори со ЕУ нема да го измести курсот на Северна Македонија

Прашањето за датумот за отпочнување преговори на Северна Македонија со ЕУ секако дека е многу важно прашање. Јавноста веќе е запозната со бенефитите од сите аспекти, но прашањето што се наметнува е дали датумот за отпочнување преговори е судбинско за Северна Македонија и нејзините граѓани до степен да биде загрозена нејзината безбедност или генерални нејзиниот уставно-правен поредок? Песимистичкото сценарио,  што...

Заев ги разреши сите претседатели на општинските ограноци на СДСМ

Премиерот Зоран Заев по состанокот со Сојузот на стопански комори рече дека донел одлука да ги разреши сите претседатели на општински ограноци во СДСМ, и дека тоа е дел од почетокот на промените кои ги очекуваат граѓаните. - Сакам да им се заблагодарам на сите за активноста, работата, дружењето на граѓаните, како претставници на локално ниво на најголемата владејачка партија,...

Заев: Граѓанскиот мониторинг ѝ спаси на државата 100 милиони евра

„Неодамна се потсетивме на големиот граѓански протест во 2015 кога над 70 граѓански организации им се придружија на десетиците илјади граѓани на масовниот протест за враќање на владеење на правото, создавајќи широка граѓаанска коалиција која побара моѓта на државата да се намали за сметка на активни, гласни и критички граѓани. Денес Владата може да каже дека застана зад принциот...

Заев и Ахмети се договорија да се фатат за „метлата“

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ДУИ Ахмети вчера имаа средба, на која договориле да започне процесот „за зајакнување на кадровските капацитети на владините институции за подобри економски резултати“. Од владиното соопштение се дознава дека вчера тие веќе зборувале за одредени слабости кај дел од функционерите од извршната власт. Двајцата лидери се договориле да почнат консултации во...

Заев: Целосното вклучување на Ромите е единствен пат до успех

Фото: Борче Поповски
За нас, за оваа Влада на Република Северна Македонија, целите на Првиот Светски конгрес на Ромите, како и на Европската Платформа за вклученост на Ромите не се само обврска. Тие се искрена желба и посветеност да градиме инклузивно општество во кое никој, ниту еден, нема да биде запоставен. Еднакви права и достоинствен живот за сите е единствениот пат до...

Селфи на Заев со Ципрас пред Владата

Фото: Борче Поповски
Македонскиот премиер Зоран Заев на пречекот на својот грчки колега Алексис Ципрас на платото пред Владата го искористи моментот да го извади својто мобилен телефон и направи селфи од двајцата. Колоната на грчкиот премиер од скопскиот аеродром пристигна пред Владата околу 10.15 часот, при што Ципрас, по излегувањето од возилото на грчката амбасада во Скопје, беше пречекан од премиерот Заев. Потоа...

Заев и Ахмети договориле заеднички претседателски кандидат

Претседателот на ДУИ Али Ахмети и лидерот на СДСМ Зоран Заев се договориле за заеднички претседателски кандидат на вчерашните разговори. Веста ја објави лидерот на ДУИ, на неговиот Фејсбук профил. Ахмети се надева дека концептот ќе наиде на поддршка од мнозинството на граѓаните. Инаку, одговарајќи на новинарско прашање, Ахмети нагласи дека кандидатот ќе се знае до крајот на седмицава.

„Вистиномер“: Како Мира „Дизел“ го засени НАТО

Ако се гледа според бројот на наслови по интернет медиумите пратеничката од СДСМ, Мира Стојчевска, дебело ги засени сите настани изминативе неколку дена. Пратеничката позната во јавноста како Мира „Дизел“, целосно ги преклопи исклучително важните случувања за нашата држава , какви што се: официјалното стапување во употреба на новото име на земјата – Република Северна Македонија и свеченото кревање...

Заев: Нема политички договор со Груевски, тој ќе се врати и ќе ја служи казната

Остро и категорично ги отфрлам сите шпекулации за каков било политички договор со Никола Груевски, порача премиерот Зоран Заев денеска, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата со премиерот на Малта, Џозеф Мускат. Тој порача оти е убеден дека Груевски ќе се врати и ќе ја отслужи затворската казна. - Имаше многу скептици што велеа дека нема да видат политичари исправени пред...

Заев го осуди вчерашниот инцидент на Водно, МЕР побара дисциплинска одговорност

Премиерот Зоран Заев денеска го осуди вчерашниот инцидент на Водно, кога еден од работниците побарал багерите да одат кон активистите од иницијативата „Го сакам Водно“ што со жив штит ја спречуваа работата. - Прво да изразам жалење за ваквиот начин на однесување на багеристи и кои било други претставници на изведувачите, работници и наши граѓани коишто работат. Апсолутно осуда е...

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...