fbpx

Дезинформации околу „извинувањата“ на Заев до Тачи и Вучиќ

-

Српкиот портал „Телеграф“ објави текст во кој се наведуваат детали од разговорот на македонскиот премиер Зоран Заев со косовкиот претседател Хашим Тачи, а во врска со измамата со телефонските разговори што ги имал Заев со лажниот претседател Порошенко и ген-секот на НАТО, Јенс Столтенберг.

Порталот, повикувајќи се на вест на „Танјуг“ од Приштина, де факто пренесува изјава на Хашим Тачи во разговор со тамошните новинари, при што се даваат детали околу тоа за што разговарале Таши и Заев, што е точно, а што не е, во веста за измамата што ја пренела руската агенција „Спутњик“, и т.н.

Иако веста е од Приштина и нема збор за изјавите на Заев во Северна Македонија за истите работи, „Телеграф“, инаку коректниот текст го објавува со манипулативен наслов „Заев му се правдал на Тачи, засега без извинување кон Вучиќ“.

Текстот е објавен на 11.07.2019 година во 13.10 минути. Времето е важно зашто два часа порано повеќето медиуми во земјава известија за изјава на Заев во која тој вели дека зборувал и со Тачи, а со Вучиќ разменил пораки. Повеќето медиуми веста ја пренесоа со наслови во стилот „Заев им се извинил на Вучиќ и на Тачи“, што може да се види од собраната содржина на агрегаторот на вести „Тајм.мк“, а некои од медиумите, покрај вестите објавија и видео.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...