fbpx

Грчки медиуми „ги сретнаа“ Заев и американскиот амбасадор Пјат на Халкидики

-

Неколку грчки онлајн медиуми, а и сериозната То Вима, со манипулативна информација која се однесува на истовремено патување на премиерот Зоран Заев и американскиот амбасадор во Атина, Џефри Пјат на Халкидики, ѝ сугерираа на грчката јавност дека дошло до „тајна средба“ меѓу двајцата функционери за време на минатиот викенд.

Повикувајќи се на „неименувани сигурни извори“ информацијата прв ја објави „Халкидики фокус“ на 30 јуни, наведувајќи дека  „Зоран Заев со многу дискретно обезедување стигнал во саботата попладне, во неговата викендица на Касандра“. Подолу во текстот пишува дека „ден порано на кракот Ситонија на полостровот допатувал и американскиот амбасадор во Атина. Со насловот „Заев и Пјат за време на викендот на Халкидики, “, сајтот под практично сугерира дека дошло до средба меѓу нив, иако не го употребува тој збор.

Веста утредента ја презема „То Вима“, и тоа со наслов „Заев и Пјат во максимална тајност на Халкидики“,  а потоа и други грчки онлајн медиуми, од кои некои, како што е In.gr. одат дотаму што ставаат наслов „Заев и Пјат, заедно“.

Веста е демантирана  од Амбасадата на САД во Грција, која на својот твитер профил објави „Не е вистина“, ставајќи го линкот од информацијата на „То Вима“.

Нешто подоцна, запрашан за истиот статус „Што не е вистина“, се вклучи самиот амбасадорот Пјат, кој појасни дека е точно дека бил на Халкидики, но оти не е точно дека се сретнал со „Претседателот Заев“. Дообјаснуваше дека бил во туристичка посета и дека уживал во прекрасниот полустров, а дека се надева оти „ужива колку и него и самиот Заев, доколку е точно дека бил таму во тоа време“.

Веста, која е манипулација извршена преку начинот на составуање на насловите пред се, во РСМ не беше објавена, но затоа од порталот Република беше објавен демантот на Американците. Денеска со оваа манипулација се занимаваше и грчкот сервис за проверка на факти „Дезинформации во Грција“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...