fbpx

Советот за следење на правосудните реформи ја одржа конститутивната седница

-

Конститутивната седница на Советот за следење на имплементацијата на стратегијата за реформи на правосудниот сектор се одржа вчера во Владата. Според премиерот и претседавач на ова тело, Зоран Заев, формирањето на Советот е со цел враќање на дигнитетот на правосудството, обезбедувањето правда и право, согласно очекувањата на граѓаните и претставува патриотски чин. Притоа Заев појасни дека тој ќе ги обезбедува сите неопходни информации за политичките процеси низ кои ќе се спроведуваат реформите во правосудството.

На конститутивната седница е презентиран Нацрт-деловникот за работа на Советот за следење на реформата во правосудството, а на новата седница закажана за следната седмица ќе треба да се изгласа деловникот за работа и ќе се разгледуваат и закони кои се во владина или во собраниска процедура.

Инаку, во новиот Совет освен премиерот Заев, треба да биде и министерот за правда, но по оставката на доскорешниот, Билен Саљији, местото ќе остане празно се до стапувањето на функцијата на новиот министер.

Во Советот се и заменик-министерот Оливер Ристовски, Јавниот обвинител, Љубомир Јовески, Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, Народниот правобранител Иџет Мемети, претседателот на Здружението на судии, судијата на Врховниот суд Џемаили Саити, судијката Мирјана Радевска-Стефкова од Врховниот суд, Лидија Димчевска од Апелациониот суд во Скопје, Шефајет Хајдари од Апелациониот суд во Гостивар, Антонио Јолевски од Основното јавно обвинителство во Битола, Ристе Бојаџиски од Основното јавно обвинителство во Штип, Иван Џолев, претседател на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, Илир Сулејмани, претседател на Основниот суд Скопје 2 – Скопје.

Тука е и адвокатот Александар Тумановски како претставник на Адвокатската комора, проф. д-р Гордана Лажетиќ, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, д-р Беса Арифи, вонреден професор на Универзитетот на Југоисточна Европа, Жарко Хаџи-Зафиров, претставник на Блупринт групата на граѓански асоциации за правосудство, д-р Миодраг Лабовиќ, професор на Факултетот за безбедност -Скопје, при Универзитетот „Св.Климент Охридски“ во Битола, како и адвокатите Звонко Давидовиќ од Скопје и Ибраим Бајрами од Тетово.

Во Советот членуваат и Магдалена Несторовска, како претставник на Министерството за внатрешни работи, Марија Митевска од Министерството за финансии и Џелал Бајрами од Јавното обвинителство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...