fbpx

Милошоски: Собранието в петок да расправа за договорот со Бугарија

-

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе бараат од Владата и од Собранието в петок да биде закажана собраниска сендица на која би се расправало за договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија. Ова денеска на прес-конференција во Собранието го најави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, кој рече дека петочната седница, доколку се закаже, ќе биде добра можност владејачкото мнозинство и Владата да ги потврдат заложбите за примена на принципот на инклузивност во поглед на опозицјата, кој досега премиерот Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров повеќепати го споменуваа.

– Петочната седница ќе биде добра можност и пример да се дебатира за тоа што досега е усогласено во договорот и што треба да се усогласи. Бугарската влада веќе имаше доблест да го претстави нацрт-договорот во тамошното собрание и за него да се дебатира – истакна Милошоски.

Пратеникот рече дека опозицијата, како и сите пратеници, а со тоа и граѓаните,  имаат право на увид во договорот и да го дадат својот придонес во неговото постигнување, односно да ги дадат своите забелешки.

Милошоски нагласи дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ им оставаат на Владата и на МНР да одлучат дали седницата за договорот за добрососедство ќе биде отворена или затворена за јавност.

– Ако МНР смета дека во овој момент има доверливи информации, ние сме подготовени за договорот да разговараме на затворена седница – рече тој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...