fbpx
Таг: енергетика

таг: енергетика

Со Закон за стратешки инвестиции ќе се забрзуваат големите проекти во енергетиката

Министерство за економија подготвува Закон за стратешки инвестиции во Република Северна Македонија, согласно обврските превземени со Договорот за основање на Енергетска заедница, како и обврските превземени со Договорот за стабилизација и асоцијација. Во најавата за подготовка на законот објавена на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) се вели дека со новата регулатива треба да се уредат правилата за стратешки...

Физибилити студија ќе одлучи дали ТЕЦ „Неготино“ ќе се продава или ќе оди под јавно-приватно партнерство

На повидок е решавање на идната позиција на ТЕЦ „Неготино“ на енергетскиот пазар во земјава. На Електронскиот систем за јавни набавки вчера беше објавен јавниот повик кој ќе трае до 22 јануари следната година, до кога треба да се достават понудите од заинтересирани компании за изработка на физибилити студија за оправданоста за доделување на договор за јавно-приватно партнерство или...

Заев: Одлучно се движиме кон енергетската транзиција и производство на чиста енергија

Во проектите и програмите навладината „Акција 21 – за европски стандарди дома!”, кои денеска на прес конференција ги презентираше премиерот Зоран Заев, меѓу приоритетит се ставени енергетските проекти од обновливи извори на енерија, планирани за в година, а со цел, зголемување на производството на чиста енергија и  намалување на штетните емисиии во околината и во воздухот. „Одлучно се движиме кон...

„Еко Свест“ и МЕД бараат Владата да ги раскине сите концесии за мали хидроцентрали на Шар Планина

Владата да ги прекине сите постапки за доделување концесии за мали хидроелектрани и да ги раскине договорите за доделени концесии за мали хидроелектрани чија изградба сè уште не е започната на територијата на Шар Планина, бараат граѓанските организации „Еко Свест“ и Македонско еколошко друштво (МЕД). Во писмо, упатено до Владата и премиерот Зоран Заев, граѓанските активисти посочуваат дека малите хидроцентрали...

Македонски енергетски форум: Енергетската иднина е во транзицијата кон чистите извори на енергија

Развојот и инвестициите во енергетскиот сектор остануваат приоритет на Владата на РСМ која во последните три години својата енергетска политика ја насочи кон исполнувањето на целите на ЕУ и кон патот на енергетската транзиција. А, еден од клучните предизвици во иднина секако ќе биде одржувањето на стабилноста на електроенергетскиот систем и производство на поголеми количини на електрична енергија од...

Неповолната хидролошка состојба доведе до увоз на струја од странство, ќе падне ли теретот врз граѓаните?

Владата неделава одлучи привремено да го сопре производството на електрична енергија од хидроелектраните во земјава, а АД ЕСМ да набави електрична енергија преку својата фирма ЕЛЕМ Трејд, до нормализирање на природните услови кои ќе овозможат оптимално производство на капацитетите кои директно или посредно користат вода во производниот процес, информираат од владината прес-служба. Програмата „Дојче Веле“ на македоски јазик пишува дека...

АД ЕСМ подружница ,,Енергетика” започна со парно греење во Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром

На почетокот на грејната сезона, 15 октомври, АД ЕСМ, подружница ,,Енергетика” започна со испорака на топлинска енергија за корисниците кои се снабдуваат со греење преку топловодниот систем на „Енергетика“. Тоа се скопските населби Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром. Парно греење добија 3.700 домаќинства, детски градинки, основни и средни училишта и деловни субјекти, соопштија од АД ЕСМ. ,,Во „Енергетика” се...

Извештај на ЕК: Потребни се поголеми инвестиции во енергетска ефикасност и формирање на посебен фонд

Од Европската комисија (ЕК) добивме позитивни критики за развојот на досегашните политики во енергетскиот сектор. Во последниот Извештај на ЕК за Северна Македонија за 2020 година, во делот Енергија, се оценува дека во енергетскиот сектор е постигнат „добар напредок, особено преку усвојување на законодавството за спроведување на третиот енергетски пакет на ЕУ, за гас и електрична енергија, и се...

Прогласувањето на Шара за национален парк е во заложништво на концесиите за мали хидроцентрали

Заробување на малите реки и осудување на смрт на целиот биодиверзитет во околината е последицата од огромниот број на концесии за мали хидроцентрали кои ниту од далеку немаат сериозен придонес кон енергетската слика во земјава. Граѓанските организации апелираат Владата, ако треба и на своја штета, да ги раскине договорите за мали хидроцентрали кои се издадени, но не се изградени...

Колку се споредливи цените на струјата и просечните плати во европските земји?

Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за зголемување на цената на струјата за 7,4 отсто предизвика лавина реакции во јавноста. Реагираа скоро сите општествени чинители, од претставници на политички партии, преку здруженија и синдикати па сè до анонимни корисници на социјалните мрежи. Сите со свои ставови и математики. Но, се чини дека најгласен е аргументот дека цената на струјата...

Обединетото Кралство прва меѓу десетте земји со најголеми ветерни електрани на море

Употребата на енергијата од ветерот добива сѐ позначајна улога во „зелената“ економска обнова во светот. Последниот извештај на енергетскиот портал "Renewable UK" открива дека Обединетото Кралство го задржа водечкото место во светот во употребата на енергијата на ветерот на море. Во последните 12 месеци, бројот на таквите проекти без разлика дали станува збор за тие кои веќе произведуваат струја или...

Ако не сакаме нови пандемии, мора да го намалиме загадувањето на околината

Пандемијата на ковид-19 и драстичната промена на некои животни навики уште еднаш не потсети дека „новото нормално“ во светот и кај нас ќе мора да се усогласи со потребите на природата и живиот свет околу нас. Особено имајќи во предвид дека воздухот е медиумот преку кои се пренесуваат вирусите, а загадениот воздух истражувањата го поврзуваат со поголема смртност од...

Енергетскиот сектор бара едуцирани „зелени“ работници кои ќе работат со нови технологии

Енергетскиот сектор кој се потпира на фосилни горива, традиционалното градежништво и третманот на отпадот се меѓу главните сектори кои ќе претрпат сериозни измени во трансформацијата кон зелена економија. Борбата со климатските промени и напорите за заштита на животната средина на глобално ниво, но и во Македонија, форсираат премин кон посериозно искористување на обновливите извори на енергија, кон енергетска ефикасност...

И со новата Стратегија за енергетика, јагленот останува најголемата опасност за природата и живиот свет

Продолжувањето со користење на фосилните горива, особено на јагленот како енергенс, е една од најголемите опасности за водата, воздухот, почвата и живиот свет, нотира Оценката на влијанието на Стратегијата за енергетика до 2040 врз животната средина. Анализата ги разгледува влијанијата на Стратегијата како целина и во поширок обем, а нотирани се и негативните и позитивните придобивки од насоките кои...

Зелениот енергетски развој е вистинското сценарио за граѓанските организации

Фактот дека Стратегијата за енергетика има поставено рокови за затворање на термоелектраните на јаглен ТЕЦ Осломеј до 2019 и ТЕЦ Битола до 2025, како и јасни цели за зголемување на уделот на енергијата од обновливи извори, е еден од најважните делови на овој документ за невладиниот сектор. Започнувањето на административните процедури за изградба на 120 мегаватни соларни термоелектрани во...

До 2040 година ќе ни требаат 1,5 милијарди евра за енергетска ефикасност на зградите (инфографик)

На Македонија ќе ѝ бидат потребни минимум 1,5 милијарди евра до 2040 година за реконструкција на постојните станбени, комерцијални и јавни објекти за спроведување на мерките за енергетска ефикасност, укажува најновата „Стратегија за развој на енергетиката во Република Северна Македонија до 2040 година“. Во Стратегијата се наведени три сценарија за периодот до 2040 година - референтно, умерена транзиција и зелено,...

Македонија е првата земја од Западен Балкан која планира укинување на употребата на јаглен

Македонската влада на почетокот на февруари ја одобри Стратегијата за енергетски развој до 2040 година и со тоа стана првата земја од Западен Балкан која го разгледува укинувањето на користењето на јагленот пред 2030 година, соопшти невладината организација „Бенквоч“(Bankwatch). Две сценарија од оваа Стратегија предвидуваат укинување на употребата на јаглен до 2025 година, додека третото го одложува затворањето на термоцентралата...

Гасификацијата е пропадната инвестиција, соларната енергија ви е трипати поевтина од нуклеарката во Белене

Дали енергетската иднина Македонија треба да ја темели на гасификацијата како што форсирааат политичарите или транзицијата треба да биде насочена кон други извори на енергија, разговаравме со професорот д-р Невен Дуиќ од Загрепскиот универзитет, експерт по енергетски системи и обновливи извори кој деновиве престојуваше во Скопје. Иако Македонија не планира нови термоцентрали, таа засега се потпира на нив. Гасификацијата е...

Утре истекува рокот за пријавување на компаниите за универзален снабдувач со струја

Утре е крајниот рок на кој компаниите може да се пријават на тендерот за универзален снабдувач со струја, што Владата го распиша во септември согласно новиот Закон за енергетика. Најпрво, рокот за аплицирање беше до 3 декември, но тој беше пролонгиран на барање на енергетската заедница. Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимовски, неодамна изјави дека РКЕ била должна да ги подготви...

Теми од областа на енергетиката на владината седница денеска во 12 часот

На денешната, 105. седница во 12 часот, Владата ќе ја разгледа информација во врска со одржување на 16. состанок на министерскиот совет на Енергетската заедница на 29 ноември во Скопје, како и информацијата за иницијативата Македонија да биде земја домаќин на вториот „Светски конгрес на претприемачи“ во 2019 година. „Министрите денеска ќе бидат запознаени и со информацијата за Програма за...

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...