На денешната, 105. седница во 12 часот, Владата ќе ја разгледа информација во врска со одржување на 16. состанок на министерскиот совет на Енергетската заедница на 29 ноември во Скопје, како и информацијата за иницијативата Македонија да биде земја домаќин на вториот „Светски конгрес на претприемачи“ во 2019 година.

„Министрите денеска ќе бидат запознаени и со информацијата за Програма за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2018 година, а Министерството за образование и наука ќе информира за отпочнување на постапката за формирање на Национален совет за високо образование и научно-истражувачка дејност.На денешната седница на Владата ќе се најде и и информацијата за проширување на мрежата на детски градинки и центри за ран детски развој“, информираат од Влада.

На предлог на Собранието на министрите во владата денеска ќе донесат мислење за финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика за 2019 година, како за финансискиот план на Јавно радиодифузно претпријатие Македонска радио телевизија за идната година.