fbpx
Таг: Русија

таг: Русија

Русија сè уште нема план кога ќе му го испорача оружјето на Иран

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, изјави дека сè уште нема договор за испорака на противвоздушниот систем „S -300“ на Иран. Претходно шефот на иранската дипломатија, Хусеин Амир-Абдолахаин, рече дека наскоро може да се очекува испорака на руското оружје на Техеран. Русија во 2010 година ги замрзна плановите за испорака на системот „S-300“ на Иран поради санкциите на ОН,...

Соломон Паси за едно евро му бил советник на Никола Груевски

Поранешниот шеф на бугарската дипломатија, Соломон Паси, за националната телевизија БНТ, потврди дека за минимална сума бил советник на актуелниот премиер на Македонија, Никола Груевски, во периодот од 2007 до 2008 година. - Договорот беше за едно евро. Си ја завршив својата работа за околу 10 месеци и беше донесена одлука дека Македонија ќе стане членка на НАТО – рече Паси. Според...

Путин: Русија не треба да се откаже од странските инвестиции

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не би требалo да се откаже од странските инвестиции и технологии. - Не би смееле, по ниту една цена, да се откажеме од странските инвестиции и технологии, кои би можеле да ни помогнат во економскиот пораст – рече Путин. По руската анексија на украинскиот полуостров Крим во март 2014 година, Западот воведе санкции кон...

Во тек е вежба на руските воздухопловни сили

Руското министерство за одбрана соопшти дека воздухопловните сили почнале вежби во кои се вклучени неколку стотини авиони и илјадници војници. Во соопштението, издадено на 25 мај, министерството ги опиша четиридневните вежби како „инспекција“ на борбената способност. „Инспекцијата се однесува на 12.000 војници, 250 авиони и хеликоптери и 689 видови оружје“, стои во соопштението.

Украина побара од Русија пониска цена на гасот

Украина бара од Русија да ѝ ја продолжи испораката на гас по пониска цена до крајот на годината, изјави денеска рускиот министер за енергетика, Александар Новак. Кон крајот на октомври, Русија и Украина, со посредство на Европската комисија, го усвоија зимскиот пакет за гас, кој истече на 31 март. Според тој пакет, Русија ѝ испорачуваше гас на Украина по пониска...

Оланд: Неопходен е притисок врз Москва и врз проруските сили

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска изјави дека е неопходно да се изврши притисок врз Русија и врз проруските сили во Украина за да се почитува прекинот на огнот, постигнат во февруари. - Јасно е дека прекинот на огнот не се почитува во целост – рече Оланд пред новинарите на самитот на ЕУ за Источно партнерство во Рига. Францускиот лидер рече дека ситуацијата и...

Московските власти ја забранија геј-парадата

Московските градски власти соопштија дека нема да дозволат одржување на геј-парада во главниот град на Русија, која активистите планираа да ја одржат кон крајот на мај. - Ги предупредивме организаторите дека шетањето нема да биде дозвилено – рече портпаролот на градоначалникот на Москва, Алексеј Мајоров. Организаторите годинава пријавија одржување на два собира и геј-парада на 30 мај, а очекувале дека на...

ММФ: Русија годинава ќе има пад на БДП за 3,4 отсто

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) проценува дека годинешниот домашен бруто-производ (БДП) на Русија, која е во економска криза, ќе се намали за 3,4 отсто и оти следната година ќе биде забележан помал пораст, беше објавено денеска во Москва. ММФ ги ревидираше своите претходни предвидување за пад на БДП од 3,8 проценти за оваа година и за 1,1 отсто во 2016 година. Економскиот...

Граната експлодира пред руската амбасада во Дамаск

Едно лице загина, а тројца се повредени при експлозија на граната во близина на руската амбасада во Дамаск, јавува „Раша тудеј“. Сите жртви се Сиријци, а меѓу нив има и еден припадник на обезбедувањето на амбасадата. Портпаролката на руската амбасада ја потврди информацијата, додавајќи дека сите жртви се сириски безбедносни припадници. Ова е вторпат неделава граната да експлодира во близина на...

Меркел: Враќањето на Г8 е незамисливо поради Украина

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска оцени дека враќањето на Г8, односно на Русија во групата најразвиени земји, во моментов е „незамисливо“ поради ситуацијата во Украина. Русија е исклучена од форматот Г8 по припојувањето на Крим минатата година. - Сè додека Русија не го почитува меѓународното право и не постапува во согласност со тие принципи, враќањето на форматот Г8 е незамислив –...

Наскоро ќе се спојат Русија и Јужна Осетија

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја поднесе на ратификација во парламентот спогодбата за здружување и за интеграција на Русија и на Јужна Осетија. Спогодбата предвидува заедничка одбрана и безбедност, слободно движење преку границите меѓу Русија и Јужна Осетија, земање предвид на рестрикциите воведени поради безбедносни причини, соработка на полициските агенции, поедноставување на процедурите за добивање руско државјанство, како и исплата...

Порошенко: Украина е во вистинска војна со Русија

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека Украина е во „вистинска војна“ со Русија и оти Украинците треба да бидат подготвени за руска офанзива. Во интервју за „Би-Би-Си“, Порошенко рече дека не му верува на неговиот руски колега Владимир Путин, но оти нема друга опција освен да преговара со него. - Ова е навистина војна со Русија. Тоа не е конфликт со проруските...

Фелон: Русија и Исламска држава се најголеми закани за мирот

Британскиот министер за одбрана, Мајкл Фелон, денеска изјави дека светот се наоѓа пред иста опасност како за време на Втората светска војна и оти заканата доаѓа од Русија и од Исламска држава. Најавувајќи ги приоритетите за одбрана во наредните пет години, Фелон рече дека од суштинско значење е тоа што Велика Британија е подготвена да одговори на „идни истовремени кризи...

Москва: Посетата на Нуланд е позитивен знак

Официјална Москва ја оцени посетата на Викторија Нуланд, помошничка на американскиот државен секретар за европски и евроазиски работи, како знак за подобрување на билатералните односи. Нуланд во Москва ќе разговара со високи владини претставници за натамошните чекори во примена на спогодбата за примирјето на истокот на Украина. Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, за време на средбата Путин - Лавров -...

Уапсени руски војници во Украина

Украинската војска соопшти дека уапсила двајца руски војници, кои се бореле со проруските сепаратисти на истокот на Украина. Владислав Селезнев, портпаролот на Генералштабот, изјави дека украинските безбедносни служби ги испитуваат војниците и оти се наоѓаат на пат кон Киев. Руските војници се уапсени во градот Шчастија, на самата борбена линија. Русија негира дека испраќа војници да се борат на страна на бунтовниците,...

Балтичките земји бараат постојано присуство на силите на НАТО

Литванија соопшти дека трите балтички држави ќе бараат постојано присуство на силите на НАТО на нивните територии поради зголемената активност на руските воздушни и поморски сили. Литванија, Летонија и Естонија се плашат дека тие би можеле да станат мета на посилен притисок од Русија, по поддршка на Москва за проруски сепаратисти во Источна Украина. Значително руско малцинство живее во трите балтички држави,...

Иванов со лидерите од источниот блок на парада во Москва

Седумдесетгодишнината од комеморацијата на советската победа во Втората светска војна, според најавите, треба да биде голем спектакл. Сепак, списокот на меѓународни гости се скуси. Рускиот претседател Владимир Путин покани 70 светски лидери да присуствуваат на парадата на Денот на победата на 9 мај, но голем дел од нив ја откажаа својата посета поради ситуацијата во Украина. Претседателот на Република Македонија, Ѓорге...

Потпишан договор – „Турски тек“ стартува на крајот од 2016 година

Гасоводот „Турски тек“ ќе стане оперативен во декември 2016 година, соопшти директорот на „Газпром“, Алексеј Милер, за агенцијата „РИА Новости“. - Договор (меѓу Русија и Турција) е постигнат за цената и за почетокот на испораката преку „Турски тек“ да почне во декември 2016 година – рече Милер. Договорот го потпишале Милер и турскиот министер за енергетика и природни ресурси, Танер Јилдиз,...

Русија ќе го ублажува ембаргото кон Унгарија, Грција и кон Кипар

Москва е подготвена да го ублажи ембаргото за увоз на прехранбени производи од Унгарија, Грција и од Кипар, под услов овие земји да не го поддржат продолжувањето на санкциите на ЕУ кон Русија. Инспекторите на Федералната ветеринарна и фитосанитарна инспекција на Русија посетиле 37 претпријатија од овие земји и заклучиле дека нивните производи се прифатливи за рускиот пазар. - Ветеринарните власти...

ФАЦ: Повторно воведен „црвен телефон“ меѓу НАТО и Русија

„НАТО повторно воведува директна тајна телефонска линија со рускиот воен врв“, пишува денеска германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЦ), повикувајќи се на анонимен извор од Алијансата. Како што пишува весникот, иницијативата за воспоставување директен контакт, во декември минатата година, ја покренал германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер, поради зголемената тензија во светот, предизвикана од конфликтот во Украина. Штајмаер, пишува ФАЦ,...

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...