среда, 10 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: закони | 170 резултати

Власта носи „практични“ законски измени за да ја контролира полицијата пред избори

јули 6, 2016

Со измените на Законот за внатрешни работи, со кои се предвидува државниот секретар во Министерството за внатрешни работи да биде именуван од Владата, како и со веќе усвоените измени на Законот за полиција, власта сака да му ги врзе рацете на новиот министер, кој би застанал на чело на МВР пред избори, вели за „Мета“ пратеникот […]

Шкотскиот парламент може да стави вето на Брексит

јуни 26, 2016

Првата министерка на Шкотска, Никола Стурџен, во изјава за „Би-би-си“, вели оти е можно шкотскиот парламент да го блокира излегувањето на Велика Британија од Европската Унија, по референдумот во четвртокот. На референдумот 52 отсто наспроти 48 отсто од Британците гласаа за напуштање на ЕУ. Во Шкотка, пак, сликата беше сосема поинаква, односно 62 отсто од […]

Турција очекува позитивни резултати од разговорите со ЕУ за безвизниот режим

јуни 8, 2016

Турција во следните неколку дена очекува да има позитивни резултати од разговорите со Европската Унија за безвизен режим за турските граѓани, јавува агенцијата „Ројтерс“. Договорот за давање можност за безвизно патување во Европа, во замена за запирање на протекот на мигранти во ЕУ, е во ќор-сокак поради тоа што Европа смета дека турските антитерористички закони се […]

Неизвесно исплаќањето на ратата од 7,5 милијарди евра за Грција

мај 30, 2016

Грчката влада повторно брка време за да го заврши договорот со кредиторите за да си отвори пат за исплаќање на ратата од 7,5 милијарди евра од европскиот кредит за земјата. Владата на Алексис Ципрас мора неделава да ја заврши „домашната задача“ за измена на неколку закони и амандмани од новиот пакет мерки кои ги бараат […]

Денеска во Собрание ќе се расправа за неколку закони по скратена постапка

мај 30, 2016

Денеска во рамките на 103 седница пратениците ќе треба да расправаат повеќе предлог-закони по скратена постапка, како и за интерпелацијата за работата на претседателката на Комисијата за образование, наука и спорт, Олга Најденовска, поднесена од пратениците од опозицијата. Пратениците треба да ги разгледаат и Извештајот за работата на Агенцијата за администрација и годишните извештаи за […]

Иванов експресно ги потпиша законите за селективна аболиција и за „бомбите“

мај 20, 2016

Претседателот Ѓорге Иванов ги добил и веќе ги потпишал законите кои пратениците ги изгласаа на вчерашната седница на Собранието. Законите влегуваат во сила кога ќе објават во Службен весник. Пратениците на вчерашната седница ги изгласаа законите за помилување („селективна аболиција“), за заштита на приватноста („бомбите“ да не се објавуваат после 1 јули 2017), за лични […]

Пратениците, без СДСМ, експресно ги поминаа законите, нова седница во 17 часот

мај 19, 2016

Пратениците експресно на прво читање ги поминаа Законите за помилување и заштита на приватноста, заштита на лични податоци, измените во Изборниот законик како и Законите за управните спорови и за општата управна постапка. Координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, Илија Димовски со по една реченица ги образложи законите и рече дека сите се кратки […]

Пратениците денеска ќе расправаат за неколку закони по скратена постапка

мај 19, 2016

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска свика уште една седница на која треба да се расправа за шест закони. Подносители на сите закони се координаторите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Илија Димовски и Талат Џафери. Предвидено е за сите предлог-закони да се расправа по скратена постапка. Иницијативата на СДСМ за автентично толкување на членот 11 од […]

ССМ: Кампања за организирање и за мобилизирање ново членство

мај 1, 2016

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ќе го одбележи Меѓународниот ден на трудот со кампања за организирање и за мобилизирање ново членство. Кампањата ќе се реализира во текот на целата година, а ќе биде фокусирана и на зачленување во синдикатите на неорганизираните работници, давање институционална можност за остварување колективна заштита и обезбедување социјална правда, социјална […]

Сите аболиции во независна Македонија: Иванов ги надмина Трајковски и Црвенковски

април 13, 2016

Тројца од вкупно четворицата претседатели на државата во историјата на самостојна Македонија ја искористија аболицијата како правен инструмент за ослободување лица од кривично гонење уште пред осомничените да седнат на обвинителна клупа во судот. Единствен што не го употребил овој институт е првиот претседател на државата, покојниот Киро Глигоров. Сите негови наследници во своите мандати аболираа […]

Димитриев му одговори на Спасовски: Што не Ви е јасно, одлуката на Владата е законска

април 11, 2016

„Реагирате пет дена откако Владата ги донесе цитираните одлуки. Пет дена потоа. Реакција пет дена потоа докажува и колку сте посветен или непосветен на работата и станува јасно дека единствена цел на Вашата реакција е обид за правење реклама, но и ми покажува дека и Вие сте свесни дека Владата има донесено кристално чиста законска […]

Ристовска: Не ја коментираме содржината на тефтерот на Грујовски

април 8, 2016

Во домот на началникот на петтата управа на УБК, Горан Грујовски, навистина е пронајден тефтер, изјави за „Мета“ портпаролката на СЈО, обвинителката Ленче Ристовска, но во интерес на истрагата не сакаше да ја коментира неговата содржина. Неделникот „Фокус“ во новиот број пишува дека при претресот на станот на Грујовски обвинителите на СЈО пронашле тефтер, од […]

Собранието ќе се распушти без да си ги заврши обврските кон Катица Јанева

април 6, 2016

Денеска на полноќ, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, треба да констатира дека законодавниот дом се распушта 60 дена пред избори, како што е предвидено според Изборниот законик. Во јули лидерите на четирите најголеми политички партии во Пржино се договорија дека опозицијата ќе се врати во Собранието, како една од мерките за решавање на политичката криза. Оттогаш Собранието […]

Измените на законот за кривична постапка пред пратениците

март 29, 2016

Измените и дополнувањата на Законот за кривична постапка денеска ќе се најдат пред пратениците во Собранието. Во измените, пратениците Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ и Муса Ибраими од ДУИ по иницијатива на шест адвокати бараат да се смени рокот предвиден во законот во кој одбраната треба да прибере докази кои се во нејзин прилог. Рокот предвиден […]

Протест на судската администрација: Да се повлечат лошите закони

март 25, 2016

Со барање да се повлечат лошите закони во администрацијата, вработените во судската администрација го почнаа протестот пред Собранието. Демонстрантите протестот го продолжија кон Министерството за информатичко општество и администрација и објектот на Владата. Организатори на протестот се Синдикатот на вработените во управата, правосудните органи и здруженија на граѓани, УПОЗ и Здружението на судска администрација. Судската […]

Новинарските здруженија тврдат дека власта одбегнува разговори за медиумските реформи

март 22, 2016

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и спикерот на Собранието, Трајко Вељаноски, го игнорираат нашето барање за средба, а лидерот на ДУИ, Али Ахмети, нè извести дека немал време да разговара со новинарите за медиумските реформи, информираат од ЗНМ, ССНМ, МИМ, СЕМ и од ИКС. – Со жалење констатираме дека власта одбегнува сериозни разговори за медиумските […]

Бугарските камионџии ги блокираа сите гранични премини со Грција

февруари 19, 2016

Бугарските камионџии ги блокираа сите шест контролни пунктови долж границата со Грција, во знак на протест поради повеќенеделните повремени блокади на грчките земјоделци. На граничните премини има долги редици камиони и автомобили, а само на пешаците им е дозволено да ја преминат границата, пренесува АФП. Тие порачаа дека ќе продолжат со блокадата додека грчките земјоделци не […]

Денеска продолжува 85. собраниска седница

јануари 28, 2016

Денеска, Собранието на Република Македонија треба да ја продолжи 85. седница, од чиј дневен ред преостанаа три точки предложени од пратениците од опозицијата, во прво читање и предлог- законот за дополнување на Законот за одбрана, по скратена постапка. Пратениците треба да расправаат по предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за буџетите, предлог-законот за изменување и за дополнување […]

Повеќе закони на продолжението на 85. седница на Собранието

јануари 25, 2016

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 85. седница. На дневен ред се предлог-законот за дополнување на Законот за одбрана по скратена постапка, предлог-законот за медицинските сестри и акушерките во прво читање, предлог-дополнувањата на законите за градење и за градежно земјиште во прво читање, како и неколку барања за давање автентични толкувања. Пред […]

Повеќе закони на продолжението на 85. собраниска седница

јануари 20, 2016

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 85. седница, на која на дневен ред се повеќе закони во прво читање и автентични толкувања. Пратениците треба да се изјаснат за измените и за дополнувањата на законот за експропријација, на царинскиот закон, на законот за финансиските друштва, на законот за вршење услуги брз трансфер на […]

Страна 7 од 9