fbpx

Повеќе закони на продолжението на 85. седница на Собранието

-

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 85. седница.

На дневен ред се предлог-законот за дополнување на Законот за одбрана по скратена постапка, предлог-законот за медицинските сестри и акушерките во прво читање, предлог-дополнувањата на законите за градење и за градежно земјиште во прво читање, како и неколку барања за давање автентични толкувања.

Пред пратенците се и предлог-законот за урбано зеленило поднесен од Лилјана Поповска, Солза Грчева, Љубица Буралиева, Роза Топузова-Каревска и од Павле Трајанов, предлог-законите за изменување на Законот за заштита од пушењето, за дополнување на Законот за административни службеници, за изменување и дополнување на Законот за буџетите, за изменување и дополнување на Законот за јавен долг, како и предлог-законот за материјално обезбедување невработени лица поради приватизација на претпријатијата со општествена и државна сопственост, поднесени од групи пратеници и сите во прво читање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.