Измените на законот за кривична постапка пред пратениците

-

Измените и дополнувањата на Законот за кривична постапка денеска ќе се најдат пред пратениците во Собранието.

Во измените, пратениците Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ и Муса Ибраими од ДУИ по иницијатива на шест адвокати бараат да се смени рокот предвиден во законот во кој одбраната треба да прибере докази кои се во нејзин прилог.

Рокот предвиден во постоечкиот закон е 15 дена, а со измените се бара тој да се зголеми на 90 дена. Од пратеничката група на СДСМ вчера рекоа дека овој закон е обид да се одложи постапувањето на Специјалното јавно обвинителство.

Пратениците денеска ќе расправаат и за предлог – законите за изменување на Законот за заштита на природата, Законот за управување со отпадот, Законот за сигурност во железничкиот систем, Законот за градење, по скратена постапка.

Пред пратениците треба да се најде и Извештајот за активностите на Јавното обвинителство за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за период од шест месеци.

Западен Балкан се дави во сулфур диоксид, РЕК Битола меѓу најголемите загадувачи на воздухот

Државите од Западен Балкан и понатаму се дават во сулфур диоксид од застарените термоелектрани, покажува најновиот извештај „Усогласи или затвори“ од Бенквоч (Bankwatch). Во четирите најголеми загадувачи на воздухот влегува и...

Гори депонија, црн чад се гледа од Шуто Оризари

Голем црн чад од пожар на депонија во Шуто Оризари денеска се гледа од повеќе населби во градот. Според информации од Бригадата за противпожарна заштита на Градот Скопје, депонијата се наоѓа...

Играта Two Point Hospital е бесплатна на Епик Гејмс до четврток

Играта Two Point Hospital, која е пародија на популарната „Sims“, но сега сместена во болница, e бесплатна на Epic Games до четврток. Се работи за инвентивна игра, полна со многу хумор. Во...

Од ЕСМ за хаваријата во РЕК Битола го обвинија СДСМ

Новото раководство на АД ЕСМ ја обвини претходната власт предводена од СДСМ за катастрофалната состојба во која ја затекнало компанијата, посочувајќи дека РЕК Битола и РЕК Осломеј се во континуирана борба...

Западен Балкан се дави во сулфур диоксид, РЕК Битола меѓу најголемите загадувачи на воздухот

Државите од Западен Балкан и понатаму се дават во сулфур диоксид од застарените термоелектрани, покажува најновиот извештај „Усогласи или затвори“ од Бенквоч (Bankwatch). Во четирите најголеми загадувачи на воздухот...