среда, 22 април, 2026
Meta.mk

Ознака: енергетика | 100 резултати

Пендаровски: Војната во Украина ја забави зелената транзиција

мај 31, 2023

Глобалниот енергетски пазар е нарушен поради руската инвазија врз Украина и нема изгледи дека за брзо време ќе биде стабилизиран. Војната во Украина истовремено ја забави и зелената транзиција, а единствена шанса за малите држави е да имаат што е можно повеќе домашни извори на енергија и да бидат што е можно помалку зависни од […]

Стопанска комора ѝ предлага енергетски мерки на Владата за поддршка на економијата

мај 19, 2023

Девет предлог мерки кои државата би требало да ги преземе, за да ја поддржи економијата во енергетска криза, испратила Стопанската комора до сите државни и јавни институции кои имаат надлежност во енергетиката. Мерките произлегле од јавната седница на Управниот одбор на Стопанската комора и на Македонската енергетска асоцијација. Како што информираат оттаму, АД ЕСМ треба […]

Од Владата најава за изградба на четврти блок во РЕК Битола и брза пруга кон Србија

мај 15, 2023

За земјава да ја постигне енергетската независност од руски гас, клучно е во претстојниот период да се изгради интерконективниот гасовод од Неготино до Грција. САД даваат огромна поддршка на земјава, а од Владата повикуваат што поскоро во Собранието да се одблокира донесувањето на законот преку кој Електрани на Северна Македонија ќе биде во можност да […]

Објавени повици за доделување субвенции за фотонапонски централи, ПВЦ-прозорци и сончеви колектори

април 20, 2023

Министерството за економија годинава првпат ќе дава субвенции до 80.000 денари за вградување фотонапонски централи во домаќинствата, а ќе продолжи со поддршката на граѓаните и преку субвенциите за ПВЦ прозорци до 20.000 денари по домаќинство и за сончеви колектори до 15.000 денари. Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека буџетот за оваа намена година не […]

За една година изградени се 80 мегавати фотонапонски електрани

декември 8, 2022

Целиот регионот треба да се стреми кон што побрза енергетската транзиција. Ова го истакна Виктор Андонов, соработникот за енергетика во Владата на Република Северна Македонија, на регионалната експертска Конференција за енергетика и клима „Look Up“ која се одржува во Копаоник. На панелот „Обновливи извори реалност или мит” тој потенцирал дека токму оваа европска енергетска криза придонесе […]

„5 до 12“ за енергетска транзиција на Балканот 

ноември 22, 2022

Многу работи на Балканот се случуваат во последен миг. Како заладува времето, така зачестуваат состаноците и ветувањата за зелена енергетска транзиција на Западниот Балкан. За само еден месец беше најавена итна помош на Европската комисија за надминување на енергетската криза, потоа објавена нова декларација за зелена транзиција во рамките на Берлинскиот процес, па одржан и […]

Ковачевски: Најголемиот удар врз пазарот на електрична енергија дојде по војната во Украина

ноември 22, 2022

Најголемиот удар врз стабилноста на пазарот на електрична енергија дојде по војната која Русија ја започна во Украина, рече премиерот Димитар Ковачевски на панел дискусијата „Социјално-праведна енергетска трансформација на Европа” во рамки на вториот Социо-еколошки форум (СЕФ). Според него, поради тоа дојде до недостаток на енергенси во Европа, особено на природен гас од кој зависи […]

Ковачевски очекува енергетска транзиција, но и отворање на рудник на јаглен за РЕК Битола

ноември 5, 2022

РЕК Битола е доминантен производител на електрична енергија во земјава и столб на македонската економија. Комбинатот во следните десетина години ќе се трансформира во капацитет за производство на чиста енергија, а ниту еден работник нема да го изгуби работното место, рече денеска Претседателот на Владата Димитар Ковачевски на свеченоста по повод јубилејот 40 години од […]

Владата одобри изградба на грчка ко-генеративна електрана во Скопје

октомври 10, 2022

На денешната 89-та владина седница, била донесена одлука за утврдување статус на стратешки инвестиционен проект за проектот „Митилинеос“ Когенеративна постројка Скопје“ на Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија Митилинеос ДООЕЛ Скопје. Како што соопшти владината служба за информирање, вредноста на инвестицијата се предвидува да биде 211 милиони евра и според предвиденото, се состои […]

Владата прогласи кризна состојба во енергетиката, претстои тешка зима

август 26, 2022

Владата прогласи кризна состојба во енергетиката која ќе стапи на сила на 1 септември и ќе важи 30 дена. На последната седница на Владата која се одржа вчера, беа донесени одлуки за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје и во снабдувањето со електрична енергија на целата територија […]

ЕУ знае колкави ѝ се емисиите на стакленички гасови за лани, Македонија има најнови податоци за 2019 година

август 14, 2022

Во Европската Унија на квартално ниво редовно се објавуваат податоците за емисиите на стакленички гасови, кои предизвикуваат влијателни дебати меѓу државните раководства, невладините организации и граѓаните за создавање на нови, поцврсти и навремени мерки за намалување на влијанието на климатските промени. Во Македонија, последните податоци за емисиите на стакленички гасови на национално ниво се објавени […]

Шпанија забранува клима уредите на јавни места да бидат вклучени под 27 Целзиусови степени

август 4, 2022

Додека Европа се бори со жешкото лето и вртоглаво растечките цени на енергијата, Шпанија стана последната земја чија влада им порача на граѓаните да го намалат користењето на клима уредите. Со уредбата која треба да стапи на сила следната недела, се налага клима уредите на јавните места да бидат поставени на или над 27 Целзиусови […]

Далеку сме од енергетска ефикасност, некои граѓани немаат бања и кујна во домовите [инфографик]

јули 28, 2022

Енергетската ефикасност и производството на електрична енергија од сончеви колектори се неостварлива реалност за најголем дел од македонските домови, а дел од граѓаните во земјава се соочуваат со проблем за задоволување на најосновните животни потреби од минатиот век – вода за пиење, канализација и струја. Државниот завод за статистика (ДЗС) го објави најновиот сет на […]

Нема бегање од таксата на јаглерод, прашање е само дали парите ќе ги наплати земјава или ЕУ

јули 22, 2022

Воведувањето на такса на јаглерод е еден од најефикасните начини да се обезбеди примена на начелото загадувачот плаќа. Наменета првенствено за капацитетите произведувачи на електрична и топлинска енергија од фосилни горива, но и за корисниците на енергенти во индустријатa, јаглеродната такса треба да обезбеди средства за закрепнување на животната средина од работата на енергетскиот сектор, […]

Крај на рускиот монопол со гасот на Балканот, отворен гасниот интерконектор Грција-Бугарија

јули 8, 2022

Бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска кај грчкиот град Комотини го пуштија во употреба новиот гасен интерконектор меѓу двете земји. На свеченоста присуствуваше и министерот за енергетика на Азербејџан, Парвиз Шахбазов. „Интерконекторот ќе ја трансформира енергетската карта на регионот. Ќе ја продлабочи енергетската поврзаност меѓу двете земји“, изјави Кирил […]

Од 1 јули домаќинствата ќе можат да произведуваат струја од фотоволтаици и да ги продаваат вишоците

јуни 15, 2022

Домаќинствата и компаниите кои произведуваат струја од обновливи извори на енергија од 1 јули ќе можат да ги продаваат вишоците на пазарот. Министерот за економија Крешник Бектеши ги потпиша измените и дополнувањата на Правилникот за обновливи извори на енергија, со кои се предвидува производство на електрична енергија за сопствена потрошувачка. Обврската на универзалниот снабдувач – […]

ЕСМ: Нормализирана е работата на системите за ископ на јаглен и јаловина во рудниците на РЕК Битола

мај 29, 2022

Работењето на системите во рудникот Суводол на РЕК Битола е нормализирано. По обилните врнежи од дожд кои во петокот и вчера го зафатија рудникот и предизвикаа поплава, ископот на јаглен и јаловина продолжува според планираната динамика, информираат од АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). Увид во нормализирањето на состојбите денеска направи генералниот директор на АД […]

Цената на струјата се вивна до небо, компаниите вложуваат во фотоволтаици како излезно решение

мај 6, 2022

Фабрики за производство на храна, погони за флаширање на вода, транспортни компании, металопреработувачки капацитети, дистрибутивни компании, па дури и јавни комунални претпријатија низ земјава изминатиов период инвестираат во обезбедување на сигурност во снабдувањето со електрична енергија. Интересот е голем, насочен е првенствено кон изведба на фотонапонски електроцентрали, кои воглавно се градат во кругот на постојните […]

Нема област што не е приоритет во екологијата, граѓанските организации бараат итни акции

јануари 25, 2022

Справување со климатските промени, напуштање на фосилните горива и инвестиции во алтернативни извори на енергија, имплементација на мерки за подобрување на квалитетот на воздухот, заштита на почвите и решавање на историските жаришта од некогашни рудници или индустриски капацитети, заштита на биодиверзитетот и на природните реткости и убавини, стопирање на урбанизацијата на Охрид, воспоставување на вистински […]

Средба Ковачевски-Брнз: Соработката со САД да се интензивира со акцент на енергетските проекти

јануари 17, 2022

Новиот премиер Димитар Ковачевски денеска ја прими амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мари Брнз, на која се разговарало за продолжување на економската соработка меѓу САД и Северна Македонија. Посебен акцент во иднината треба да се стави на поттикнување на проекти и инвестиции кои ќе овозможат трајна и одржлива енергетска независност на земјава, информираат од […]

Страна 1 од 5