fbpx

За една година изградени се 80 мегавати фотонапонски електрани

-

Целиот регионот треба да се стреми кон што побрза енергетската транзиција. Ова го истакна Виктор Андонов, соработникот за енергетика во Владата на Република Северна Македонија, на регионалната експертска Конференција за енергетика и клима „Look Up“ која се одржува во Копаоник. На панелот „Обновливи извори реалност или мит” тој потенцирал дека токму оваа европска енергетска криза придонесе за зголемени активности во нови инвестиции во обновливи извори на енергија.

Како што е наведено во владиното соопштение, Андонов информирал дека за само една година во Северна Македонија изградени се повеќе од 80 мегавати сончеви електрани, а се очекува до крајот на 2023 во македонскиот енергетски систем да има инсталирано околу 300 мегавати од фотонапонски електрани.

„Обновливите извори веќе се реалност во Европа и европските земји засилено инвестираат во нив. Владата на Република Северна Македонија, ја прифати таа реалност и ја донесе Стратегијата за развој на енергетиката до 2040, базирана на Европскиот зелен договор. Во Стратегијата предвидена е изградба над 1.500 мегавати на фотонапонски електрани, над 700 мегавати ветерни електрани и над 500 мегавати големи хидроелектрани”, истакна Андонов.

Андонов во своето обраќање го потенцираше значењето на хидроцентралата Чебрен, а зборуваше и за големите проекти од стратешки интерес, како што се најголемата фотонапонска електрана Стипион од француската компанија Akyo Energy, најголeмиот ветерен парк Вирови од германската компанија WPD, како и комбинираната гасна електрана која треба да се изгради во Скопје од Mytilineos од Грција.

Од 7 до 8 декември во Копаоник се одржува регионалната експертска Конференција за енергетика и клима „Look Up“. На конференцијата учествуваат над 55 панелисти од регионот и Европа, експерти во енергетиката како и над 400 учесници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...