fbpx

Ковачевски очекува енергетска транзиција, но и отворање на рудник на јаглен за РЕК Битола

-

РЕК Битола е доминантен производител на електрична енергија во земјава и столб на македонската економија. Комбинатот во следните десетина години ќе се трансформира во капацитет за производство на чиста енергија, а ниту еден работник нема да го изгуби работното место, рече денеска Претседателот на Владата Димитар Ковачевски на свеченоста по повод јубилејот 40 години од работењето на термоелектраната.

Ковачевски во обраќањето посочи дека е донесена нова Стратегија за развој на енергетика до 2040 година целосно базирана на Европскиот Зелен Договор и ги наброја сите енергетски инвестиции во обновливи извори на енергија.

„Се реализираат сериозни енергетски инвестициски проекти во целата држава, развиваме државни проекти за изградба на фотонапонски, ветерни и хидроелектрани во државна сопственост со цел зајакнување на позицијата на државното електростопанство. Тоа се фотонапонската електрана РЕК „Осломеј“, ветерниот парк „Вирови“, најголемата фотонапонска централа во овој дел од Европа, „СТИПИОН“ со капацитет од околу 400 мегавати. Неодамна почна со работа новата 17 МW соларна централа, инвестиција која оваа Влада ја обезбеди, од страна на компанијата од Словенија „Ген-И“, рече Ковачевски.

Тој го спомена и проектот за изградба на хидроцентралата „Чебрен“, за кој за прв пат има понуда од изведувач, по 13 неуспешни тендери. Ковачевски, покрај инвестициите во обновливи извори на енергија и очекувањата за енергетска транзиција, во Битола истакна дека очекува и отворање на уште еден рудник на јаглен, Живојно, кој треба да го снабдува комбинатот со енергенс.

„Отворањето на рудникот Живојно е идеја која датира од 1982 година кога е направена работната група. После толку години се надевам дека ова раководството на ЕСМ ќе го отворат рудникот Живојно за да од него се снабдува РЕК Битола со потребните количини на јаглен“, рече Ковачевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„И мојот идентитет постои“ – се одржа Маршот за видливост на трансродовите лица

Под мотото „И мојот идентитет постои“, граѓани и активисти вчера попладне по петти пат во земјава маршираа за видливост на трансродовите лица. Маршот го организираше граѓанската иницијатива за заштита...
Free Download WordPress Themes
Premium WordPress Themes Download
Free Download WordPress Themes
Download Best WordPress Themes Free Download
free download udemy paid course
download karbonn firmware
Download Premium WordPress Themes Free
udemy free download