Крај на рускиот монопол со гасот на Балканот, отворен гасниот интерконектор Грција-Бугарија

-

Бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска кај грчкиот град Комотини го пуштија во употреба новиот гасен интерконектор меѓу двете земји. На свеченоста присуствуваше и министерот за енергетика на Азербејџан, Парвиз Шахбазов.

„Интерконекторот ќе ја трансформира енергетската карта на регионот. Ќе ја продлабочи енергетската поврзаност меѓу двете земји“, изјави Кирил Петков, пренесува bTV Novinite.

Тој додава дека со реализацијата на овој инфраструктурен проект се овозможува реална диверзификација на изворите за снабдување со природен гас на Бугарија, која досега беше целосно зависна од рускиот гас. Петков додаде дека во наредните неколку недели низ магистралниот гасовод што ги поврзува Грција и Бугарија ќе протечат првите количества на азербејџански гас.

Грчкиот премиер Мицотакис на свеченоста изјави дека интеконективниот гасовод е клучен енергетски мост, којшто е важен за Грција, Бугарија, Балканот и за Европа. Инфраструктурната линија го поврзува грчкиот град Комотини со градот Стара Загора во Бугарија.

Српскиот весник Данас објаснува дека гасниот интерконектор е долг 182 километри, а неговиот почетен капацитет е транспорт на 3 милијарди метри кубни природен гас, со можност да се зголеми неговиот капацитет на 5 милијарди метри кубни.

Грчкиот весник Катимерини пишува дека пуштањето во употреба на интерконективниот гасовод долго време било одложувано. Азербејџанскиот министер Шабазов пак додал дека ставањето во функција на овој проект е историски чекор што ќе ги диверзифицира изворите за снабдување со енергија.

Покрај од постојните меѓународни гасоводи ТАП и ТАНАП, овој гасен интерконектор ќе може да транспортира природен гас и од идниот гасен терминал што се гради во грчкиот град Александропулос. Инаку, Северна Македонија во моментов единствено со Бугарија има изградено гасно поврзување, така што со новиот гасен интерконектор Бугарија-Грција ќе може да увезува природен гас и од Азербејџан.

Брза железница во Македонија – сериозен план или предизборен воз без возен ред?

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави „инфраструктурен бум“ во железницата. Реконструкција на целата пруга долж Коридорот 10 (Табановце–Гевгелија) и модернизација за патничките возови кои ќе тераат со просечна брзина од 160 километри...

Една третина од децата во Македонија живеат под националниот праг на сиромаштија

Според најновите достапни податоци, децата во Северна Македонија се изложени на значително повисок ризик од сиромаштија од возрасните, при што 32 отсто живеат под националниот праг на сиромаштија, а 40 отсто...

Се проширија монтирани фотографии од визи на Заев и Филипче

Двете фотографии од визите се изменети со помош на алатки за графички дизајн и не се од визи на Заев и Филипче. И двајцата за Вистиномер потврдија дека документите кои се...

Изложба на Сашо Блажес насловена „Нурни во мене“ денес во Музеј на Град Скопје

Вечерва со почеток во 20:00 часот ќе се одржи изложбата на ликовниот уметник Сашо Блажес насловена „Нурни во мене“ или како што тој вели поточно „Далдисај во мене“. Неговите две претходни...

Брза железница во Македонија – сериозен план или предизборен воз без возен ред?

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави „инфраструктурен бум“ во железницата. Реконструкција на целата пруга долж Коридорот 10 (Табановце–Гевгелија) и модернизација за патничките возови кои ќе тераат со просечна брзина од...