fbpx

Шпанија забранува клима уредите на јавни места да бидат вклучени под 27 Целзиусови степени

-

Додека Европа се бори со жешкото лето и вртоглаво растечките цени на енергијата, Шпанија стана последната земја чија влада им порача на граѓаните да го намалат користењето на клима уредите. Со уредбата која треба да стапи на сила следната недела, се налага клима уредите на јавните места да бидат поставени на или над 27 Целзиусови степени и дека вратите на тие простории треба да останат затворени за да се заштеди енергија, јавуваат светските медиуми.

„Јуроњуз“ пишува дека оваа уредба е дел од плановите на шпанската влада за намалување на потрошувачката на енергија, како и за ограничување на зависноста од рускиот гас. Со истата уредба, се наложува и ограничување на греењето со клима уредите во текот на зимата, кое не смее да надмине 19 Целзиусови степени. Ваквата уредба ќе остане на сила најрано до ноември 2023 година.

Правилата ќе бидат задолжителни за сите јавни и комерцијални објекти, вклучително и барови, кина, театри, аеродроми и железнички станици, додека истото се препорачува и за домаќинствата.

„Д Врџ“ пренесува дека шпанскиот премиер Педро Санчез изјавил оти земјата итно треба да заштеди енергија, а ги охрабрил и канцелариските работници да ги отстранат вратоврските за да останат „поладни“.

„Ги замолив министрите и шефовите на јавниот и приватниот сектор да не носат вратоврски, освен ако тоа е неопходно“, рекол Санчез на прес-конференција минатата недела, а пренесе „Д Врџ“.

Според „Гардијан“, Грција и Италија минатиот месец објавија мерки со слични ограничувања на употребата на енергија при ладење на јавни објекти. Франција, пак, нареди јавните простории да останат со повисоки термостати преку лето, а пониски преку зима, а предвидени се и казни за бизнисите во износ од 750 евра ако ги остават вратите отворени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ангеловска-Бежоска: Земјите од Западен Балкан годишно губат 18 отсто од БДП поради родовиот јаз на пазарот на труд

Последователните економски шокови изминатите години дополнително го отежнуваат намалувањето на родовата нееднаквост, поради нивното понеповолно влијание врз женската популација. Кај повеќето земји од регионот на Западен Балкан стапката на...