fbpx
Таг: граѓани

таг: граѓани

Граѓаните и војската на Турција се судрија на улиците во Истанбул и во Анкара

Војската во Турција, која се обидува да изврши државен удар, пукала на демонстрантите и на полицијата на мостот на Босфорот во Истанбул и, според агенцијата АП, има и повредени. Граѓаните кои одговорија на повикот на претседателот Реџеп Таип Ердоган да излезат на улица и да се спротивстават на војската, се судрија со припадниците на безбедносните сили на улиците низ Истанбул...

СДСМ: Со одложувањето се потврдува незаконитоста на еврообврзницата

Денеска агентите го одложија издавањето на еврообврзницата во вредност до 650 милиони евра, но истата не е целосно откажана, се вели во соопштението на СДСМ по информацијата за одложувањето на издавањето на еврообврзницата. Во него се додава дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија предупредуваше дека доколку се случи издавањето на еврообврзницата на овој начин, истото ќе прекршува неколку закони на Република...

Камерон: Граѓаните на ЕУ што живеат во Британија нема да бидат протерани

Британската влада се труди да осигура граѓаните на ЕУ да можат да останат во Британија откако земјата изгласа да излезе од европскиот блок, но тоа ќе зависи од реципрочните права за Британците во Европа, рече денеска британскиот премиер во заминување, Дејвид Камерон. Тој во своето последно обраќање пред парламентот рече дека „апсолутно не постои шанса“ да се поништат резидентните права...

Грците ѝ должат 89 милијарди евра на државата

Грците должат речиси 89 милијарди евра кон државата. Висината на неисплатените долгови од даноци кон Управата за јавни приходи е еднаква на половина од грчкиот домашен бруто-производ, а стравувањата меѓу финансиските аналитичари се дека долговите до крајот на годината може да достигнат и до 95 милијарди евра. Долговите се драстично зголемени од почетокот на кризата досега. Ако на крајот на 2009...

СДСМ: Нов долг од 12,6 милиони евра на товар на граѓаните

Министерството за финансии денеска реализираше ново задолжување на товар на граѓаните во висина од 12,6 милиони евра, се вели во соопштението на СДСМ. Во него се додава дека иако првично Министерството за финансии побаруваше 5,4 милиони евра на домашниот пазар на капитал, сепак новото задолжување што го реализира е поголемо за 2,3 пати од првично планираното. - Денешното ново задолжување има...

Граѓаните во мај повлекле 67 милиони евра од банките

Граѓаните минатиот месец повлекле 67 милиони евра од банките, а депозитната база се намалила за 22 милиони евра, покажуваат податоците на Народната банка. За разлика од граѓаните, кај кои продолжил трендот на повлекување пари од банките, фирмите ги вратиле парите назад. Тие во мај депонирале 29,6 милиони евра во банкарскиот систем. Гувернерот Димитар Богов пред еден месец изјави дека повлекувањето на...

„Балкански барометар 2016“: Песимизам и зачмаеност во Македонија

Речиси 80 отсто од граѓаните на Македонија се или незадоволни или неутрални од тоа како се движат работите во општеството, покажа последното истражување на „Балкански барометар 2016“, кое денеска беше претставено во Сараево. Дури 75 отсто од граѓаните на Македонија мислат дека во следните 12 месеци ситуацијата ќе остане иста или ќе се влоши, додека позитивни очекувања имаат 23 отсто од...

Денешниот протест на „Шарена револуција“, посветен на Пецко

На стрип-јунакот Пецко ќе биде посветен денешниот протест на „Шарената револуција“, кој ќе почне во 18 часот пред Специјалното јавно обвинителство. Ваквиот гест на граѓаните е со намера да му се оддаде почест на култниот карикатурист Дарко Марковиќ, кој почина вчера по долго боледување.

Граѓани донираа 15.528 евра за казнетите демонстранти

Граѓаните собраа 1.405 евра, 40 долари и 878.360 денари или, вкупно, 15.528 евра на вчерашниот настан во кафе-бар „Излет“ за поддршка на демонстрантите на „Шарената револуција“ што се соочуваат со прекршочни и со кривични пријави и за кои, како што велат, „режимот подготвува високи казни“. Од „Шарената револуција“ изјавија дека се презадоволни од одзивот на вчерашниот настан. - Презадоволни сме од одзивот на...

УЈП присилно ќе ги наплаќа заостанатите долгови за радиодифузна такса

Управата за јавни приходи (УЈП) ќе почне со присилна наплата на заостанатите долгови на граѓаните за радиодифузна такса (РДТ). Од УЈП апелираат граѓаните во најкус рок да ги намират тие долгови. – За даночните обврзници да не се изложуваат на блокирање сметки и на дополнителни трошоци, препорачуваме навремено да проверат дали имаат заостанати долгови и доброволно да ги платат - се вели во соопштението...

Голем одзив на донаторската забава за помош на казнетите демонстранти

Голем број граѓани денеска доаѓаат во кафе-барот „Излет“ да донираат средства за помош на казнетите демонстанти, учесници на протестите на „Шарената револуција“. - Денеска се собравме за да изразиме солидарност со настраданите во процесот на ослободување на Македонија. Покажуваме дека сме еден за сите, сите за еден – изјави Александар Младеновски од „Шарената револуција“. Тој додаде дека најголем дел од средствата ќе бидат...

Во кафе-барот „Излет“ ќе се собира помош за казнетите демонстранти

Учесниците во „Шарената револуција“ ќе собираат финансиска помош во кафе-барот „Излет“ од 13 часот до 1 часот по полноќ, за, како што велат, да дадат „поддршка за нивните соброци кои се соочуваат со прекршочни и кривични пријави, за кои режимот подготвува високи казни“. - Ако нивното оружје се стравот и казните, тогаш нашето се солидарноста и другарството. Нема да дозволиме нашите соборци...

Граѓаните ја блокираа улицата пред полициската станица „Пролет“

Откако по завршувањето на денешниот протест, полицијата во близина на Градска болница во Скопје го приведе возачот  на „пикапот“ на „Шарената револуција“, пред полициската станица „Пролет“, се собраа повеќе граѓани кои ја блокираа улицата. Приведениот се уште е во станицата, а од полицијата и покрај инсистирањето на „Мета“ не добивме одговор зошто е приведен возачот на пикапот. Од „Шарена револуција“ и на...

Крајно време е за завршен удар, порачаа демонстрантите

Забавата „Информативен разговор“ наместо пред полициската станица „Беко“ се одржа на крстосницата пред зградата „Палома Бјанка“, бидејќи безбедносните сили ги спречија граѓаните да дојдат до пред полициската станица, која од сите страни беше опколена. На забавата учесниците на протестот пред полицајците палеа факели, играа и пееја. Претходно граѓаните беа пред Собранието каде што ги повикаа сите да не седат и да чекаат...

Граѓаните изгубиле 4 милиони евра поради повлекување на денарските заштеди

Граѓаните изгубиле околу 4 милиони евра поради тоа што предвреме ги повлекле орочените денарски заштеди во април, проценуваат од Народна банка. -Повеќе од 217 милиони денари достигнуваат губитоците на економските субјекти врз основа на неостварени камати заради предвремено повлекување на орочените денарски заштеди во април годинава. Граѓаните ќе бележат и трошок врз основа на курсни разлики, кога повторно ќе ги...

Жителите од Гостивар и околината го блокираа транспортот на смет

Жителите од Гостивар и околните села со блокада на локалниот пат кој води до регионалната депонија „Русино“, го изразија револтот од како што рекоа, неодговорниот однос на полошките општини, кои го носат сметот на оваа локација. Според учесниците на протестот, депонијата работи без никакви стандарди, а патната делница која води до „Русино“ е целосно уништена од камионите на комуналните претпријатија,...

СДСМ: Министерство за финансии должи 8.000 евра за струја

„Министерството за финансии натрупало долг кој надминува 510.000 денари за неплатени сметки за струја. Тоа е долг поголем од 8.000 евра“, се вели во соопштението на СДСМ. Од СДСМ бараат Ставрески да им одговори на граѓаните за што се потрошени нивните 8.000 евра собрани преку даноци, со коишто требало да се плати струјата во јавната установа Министерство за финансии. - Граѓаните седат во...

СДСМ: Аеродром ќе беше рајска градина ако 14 милиони евра се инвестираа за граѓаните

„Криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ се на директна штета на граѓаните на Аеродром. Своето 10-годишно расипничко трошење на парите на граѓаните, градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски, решил да го заврши со рајска градина со мајмуни и со желки, вредна 14 милиони евра“, обвинува советничката група на СДСМ од Аеродром. „Додека ЕЛЕМ молчи поради кои аргументи одобриле да се потрошат 14 милиони...

Илјадници граѓани протестираат во Бања Лука

Неколку илјади луѓе со собраа денеска на протестите во Бања Лука. Протестот „Да ја ослободиме Српска“ во организација на опозициските партии, се одржува во паркот Младен Стојановиќ. На нешто повеќе од еден километар, во центарот на градот, на Плоштадот Краина во исто време се одржува митинг „Со срце за Српска – Стоп за предавството“, како одговор од владејачката коалиција. На протестите...

ВМРО-ДПМНЕ: Народот е против федерализацијата што ја договара Заев

Народот се спротиставува на деструктивната политика на СДСМ и на обидот да се разнебити Република Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Дамјан Манчевски. „Народот е против идеите на раководството на СДСМ за премиер Албанец. Народот е против федерализацијата за која разговарале криминалецот Зоран Заев и албанската дијаспора. Народот е против вандализирањето на македонските спомен-обележја. Криминалецот Зоран Заев го знае...

(РЕПОРТАЖА) Надежите на СДСМ испарија во сауната на ВМРО-ДПМНЕ

„Овде е стравотно топло, како во сауна е“, рече професорката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи марамче да се избрише, пред да ја прогласи победата...