fbpx

Во кафе-барот „Излет“ ќе се собира помош за казнетите демонстранти

-

Учесниците во „Шарената револуција“ ќе собираат финансиска помош во кафе-барот „Излет“ од 13 часот до 1 часот по полноќ, за, како што велат, да дадат „поддршка за нивните соброци кои се соочуваат со прекршочни и кривични пријави, за кои режимот подготвува високи казни“.

– Ако нивното оружје се стравот и казните, тогаш нашето се солидарноста и другарството. Нема да дозволиме нашите соборци сами да ги плаќаат неправедните казни. Нема да дозволиме да бидеме заплашувани на овој начин. Како што досега сложно, рамо до рамо протестиравме, така и сега сложно ќе ги платиме казните – се вели на фејсбук-страницата на „Шарената револуција“.

Тие ги повикуваат граѓаните да помогнат во споделување на  финансискиот товар со кој, како што велат, режимот сака да ги потисне.

– Да донираме, секој со своите можности и преку солидарноста да им покажеме колку ќе биде тешко да нè скршат – апелираат тие.

Денеска во Скопје нема да се одржи протест, а ќе се протестира во Струмица, Радовиш, Валандово, Охрид и во Прилеп.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мета факт: Го нема ветениот нов електронски дневник, наставниците го користат стариот

Одговорните во Министерството за образование и наука (МОН) најавија дека од минатиот септември, односно од учебната 2023/2024 година, ќе биде пуштен во употреба нов електронски дневник, со кој требаше...