„Криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ се на директна штета на граѓаните на Аеродром. Своето 10-годишно расипничко трошење на парите на граѓаните, градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски, решил да го заврши со рајска градина со мајмуни и со желки, вредна 14 милиони евра“, обвинува советничката група на СДСМ од Аеродром.

„Додека ЕЛЕМ молчи поради кои аргументи одобриле да се потрошат 14 милиони евра за рајската градина, градоначалникот Коневски треба да одговори на граѓаните на Аеродром: зошто наместо за рајска градина не се искористат овие 14 милиони евра, пари на граѓаните, за да се направат шест нови градинки во Аеродром или да се инвестираат за три нови училишта?“, пишува во соопштението на советничката група.

Советниците обвинуваат дека во својот 10-годишен мандат, Коневски работел само во интерес на своите тендер-политики, штитејќи бизнис-интереси на Никола Груевски и на „фамилијата“, а на штета на граѓаните.