fbpx
Таг: амбасада

таг: амбасада

Службеници на српската амбасада во Либија, убиени во воздушните напади на САД

Двајца службеници на српската амбасада во Либија, кои беа киднапирани на почетокот на ноември минатата година, во градот Сабрати, најверојанто се убиени во воздушните напади на војската на САД на база на Исламска држава (ИД) во тој град, изјави денеска на вонредна прес-конференција, шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ. „За жал, вчера попладне добивме инфромации дека во тој напад настрадале...

Амбасадата на САД ќе донира опрема за бегалците на Црвен крст

Американската амбасада во Македонија денеска во магацините на Црвениот крст на Град Скопје во Момин Поток, ќе предаде хуманитарна помош за полесно справување со хуманитарните предизвици со бегалската и мигрантската криза, соопштија од Црвениот крст. Помошта е во вид на опрема и е наменета за Центарот за управување со кризи, Армијата на Република Македонија, Дирекцијата за заштита и спасување и...

Груевски: Ја поддржуваме Јанева, но и таа треба да внимава да не дозволи влијание од одредени партии

Специјалното обвинителство се формираше со поддршка на четирите партии и на Владата и тие даваа и сè уште му даваат поддршка, одговори денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на загриженоста на претставничката на САД во Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена, Кејт Брнс, која побара владејачката партија да не ја напаѓа работата на Катица Јанева. - Но и обвинителката треба да...

Груевски побарал да се сретне со Бајден

Средбата помеѓу премиерот Никола Груевски и американскиот потпретседател Џо Бајден во Вашингтон се одржува на барање на македонската влада, велат од Амбасадата на САД во Скопје за порталот „Нова“. „Владата на Македонија побара средба помеѓу премиерот Груевски и потпретседателот Бајден, која се одржува денеска за да разговараат за примената на Договорот од Пржино, безбедносни прашања и за други теми од...

Грчкото МНР твитна: Ахмети од ДУИ се сретна со Коѕиас

Денеска во Атина, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се сретна со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас. Средбата Коѕиас-Ахмети почна во 12 часот по локално време во грчкото МНР, кое, пак, средбата ја најави преку соопштение само еден час пред нејзиниот почеток. Грчкото МНР на својот официјален твитер-профил сподели фотографија и текст: „Министерот за надворешни работи Коѕиас на средба со...

Иранскиот претседател побара да им се суди на напаѓачите на саудиската амбасада

Судските власти во државата итно да процесуираат 50 осомничени за учество во напад врз саудиската амбасада во Техеран, побара иранскиот претседател Хасан Рохани. Во писмо до судските власти тој наведува дека мора да бидат казнети извршителите и организаторите на тоа злосторство. Ирански дипломати вчера ја напуштија Саудиска Арабија откако Ријад ги прекина врските со официјален Техеран по нападот врз саудиското дипломатско...

Македонската амбасада во Осло, меѓу првите 10 на листата за неплаќање сообраќајни казни

Македонската амбасада во Осло, Норвешка, на градот му должи повеќе од 1.500 евра за неплатени паркинг-казни за непрописно паркирање. Норвешкиот портал „Ослоби“ (Osloby), портал на угледниот весник „Афтенпостен“, пренесува дека македонската амбасада е на седмото место од светските амбасади во Норвешка со највисок неплатен долг од казни за паркирање. Повикувајќи се на информации од даночната управа во Осло, „Ослоби“ забележува дека долгот од...

Иран: Демонстрантите упаднаа во саудиската амбасада

Демонстрантите во Техеран кои од синоќа протестираа пред амбасадата на Саудиска Арабија, поради погубувањето на истакнатиот шиитски свештеник Нимр ал Нимр, утринава упаднаа во објектот. Иранските медиуми јавуваат дека демонстрантите по упадот почнале да пукаат и да го палат објектот, по што интервенирала полицијата, која успеала да ги оддалечи од амбасадата. Полицијата уапсила 40 лица кои фрлале молотови коктели и...

Во Париз нема повредени Македонци

Од македонската амбасада во Франција за МРТ соопштија дека засега нема настрадани и повредени Македонци во синоќешните напади во Париз, во кои, според досегашните сознанија, животот го загубија најмалку 126 лица, во седум синхронизирани напади. Габриел Атанасов, министер-советник во македонската амбасада во Франција, во телефонска изјава за МРТ вели дека досега никој не побарал помош од амбасадата. Додава дека македонската амбасада...

Киднапирани српски државјани во Либија

Службеничка на српската амбасада во Либија и нејзиниот возач биле киднапирани попладнево во градот Сабрат. На колоната возила, во која бил и амбасадорот, било пукано, при што ранет е еден либиски државјанин, а амбасадорот не е повреден. Киднапираните државјани на Србија биле во другиот автомобил. Во соопштението на министерството за надворешни работи на Србија се наведува дека двајца службеници на Амбасадата на...

Книга на жалост во Амбасадата на Русија

Книга на жалост за загинатите во несреќата на рускиот авион во Египет ќе биде отворена денеска и утре од 11 до 17 часот во просториите на Амбасадата на Руската Федерација во Скопје. Поради авионската несреќата во која загинаа 224 патници и членови на екипажот, вчера во Русија беше прогласен ден на жалост. Во име граѓаните на Република Македонија и во свое...

Француската амбасадорка на средба со пратениците

Француската амбасадорка во Македонија, Лоренс Оер, денеска во Собранието на Република Македонија ќе има средба со пратеничката група за соработка со Парламентот на Франција. Членови на оваа пратеничка група се Љубиша Николиќ, Александар Николовски, Даниела Рангелова, Сузана Секуловска, Васил Пишев, Џевад Адеми, Беким Фазлиу и Миле Андонов.

Утре ќе се отвори книга на жалост во Амбасадата на Русија во Скопје

Амбасадата на Руската Федерација во Скопје ќе отвори книга на жалост. Книгата ќе биде отворена утре и задутре од 11 до 17 часот. Поради авионската несреќа во која загинаа повеќе од 200 лица, во Русија е прогласен ден на жалост.

Попоски со политички и со економски средби во Јапонија

Mинистерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, во рамки на работната посета на Јапонија се сретна со челните луѓе на Јапонската организација за надворешна трговија (Japan External Trade Organization - JETRO) и со најголемата стопанска комора на Јапонија КЕИДАНРЕН. Попоски беше домаќин и на работен ручек со парламентарниот заменик-министер за надворешни работи, Мики Јамада, на кој присуствуваа повеќе...

Попоски во тридневна посета на Јапонија

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, од денеска (27 октомври) до четврток (29 октомври) ќе престојува во официјална посета на Јапонија, каде ќе има средби со својот домаќин, министерот за надворешни работи на Јапонија, Фумио Кишида, со парламентарниот заменик-министер за надворешни работи, Мики Јамада, и со повеќе пратеници на јапонскиот Диет. Како што соопштуваат од кабинетот на Попоски, утре (28...

Лавров: Гранатирањето на амбасадата е терористички чин

Москва смета дека гранатирањето на нејзината амбасада во Дамаск е терористички чин, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. - Ова е очигледно тероризам, веројатно за да се заплашат поддржувачите на борбата против тероризмот – изјави Лавров. Две гранати беа испукани на руската амбасада во Дамаск, во текот на деонстрациите во знак на поддршка за Москва, но нема жртви ниту...

Нападната американската амбасада во Узбекистан

Непознат напаѓач фрлил две импровизирани запаливи направи на Амбасадата на САД во узбекистанскиот главен град Ташкент, соопштија од американската амбасада. Една од запаливите направи експлодирала, но никој не е повреден во нападот кој се случил рано наутро на 28 септември. Мерките за безбедност се зголемени, но дипломатската мисија „повеќе не е во состојба на опсада и нормално работи“. Истрагата е во тек.

Паднал проектил на амбасадата на Русија во Дамаск

Руското министерство за надворешни работи повика на конкретна акција откако проектил паднал на територијата на руската амбасада во главниот град на Сирија, Дамаск. Министерството за овој, според нив, терористички акт, ги обвини силите што се борат против сирискиот претседател Башар ал Асад. Во нападот никој не бил повредени, ниту е нанесена штета. Руската амбасада во Дамаск и во мај годинава беше погодена од...

Крводарителска акција во Амбасадата на САД

Амбасадата на САД во Македонија, во соработка со Црвениот крст на град Скопје и со Институтот за трансфузиологија, ќе го одбележи Националниот ден на служба и сеќавање преку организирање крводарителска акција и акција за собирање прехранбени продукти и други средства. Пред присутните, за време на дарувањето крв, ќе се обрати амбасадорот Џес Бејли, а тие што сакаат да даруваат, ќе можат...

Италија ќе ѝ додели на Македонија 90.000 евра за справување со мигрантите

Деведесет илјади евра ќе ѝ додели италијанската влада на Македонија за справување со приливот на мигранти од Блискиот Исток. „Вонредната состојба предизвикана од приливот на мигранти од Блискиот Исток на пат кон Северна Европа претставува нов предизвик за Европа и за европските земји, со кој заеднички треба да се справат земјите-членки на ЕУ и земјите-кандидати од Западен Балкан. Имајќи ги...