fbpx
Таг: амбасада

таг: амбасада

Кери подигна знаме на обновената амбасада во Хавана

Американскиот државен секретар Џон Кери допатува во посета на Куба, каде повторно го подигна американското знаме на новоотвoрената амбасада во Хавана, кое беше симнато пред 54 години. За време на посетата, предвидено е Кери да разговара со кубанскиот министер за надворешени работи, римокатоличкиот бискуп на Куба и со избрана група дисиденти. По заминувањето на Кери, дипломатите што преговараа за повторно отварање на...

Амбасадата на САД ја поздрави акцијата на МВР

Амбасадата на САД во Скопје ја поздрави акцијата „Ќелија“ на Министерството за внатрешни работи што беше изведена утрово, за апсење лица кои биле дел или регрутирале борци за учество во воените конфликти во Сирија и на Блискиот Исток. „Информирани сме дека оваа операција беше резултат на една долготрајна и внимателна истрага од полицијата, разузнавачките служби и од канцеларијата на јавниот...

Во Прилеп одбележани 101 година од почетокот на Првата светска војна

Амбасадата на Руската федерација во Македонија, со пригодна церемонија во спомен на загинатите руски војници, денеска на Германските гробишта во Прилеп, одбележа 101 година од почетокот на Првата светска војна, односно влегувањето на Русија во војната. По тој повод, делегација од Општина Прилеп предводена од претседателот на Советот, Никола Димески, положи свежо цвеќе и им оддаде почит на загинатите руски...

Членови на семејството на Бин Ладен загинале во авионска несреќа во Британија

Членови на семејството на Осама бин Ладен биле во авионот кој вчера попладне се урна во Хемшир, Велика Британија, соопштиле од амбасадата на Саудиска Арабија во Лондон, јавува „Би-Би-Си“. Приватниот авион се урна во близина на аеродромот „Блекбуш“, а во несреќата загинаа пилотот и сите тројца патници. Во изјава, објавена на „Твитер“, саудискиот амбасадор во Велика Британија, принцот Мохамед бин Наваф...

Амбасадата на САД го развиори и знамето-виножито

Покрај американското, на зградата на Амбасадата на САД во Скопје истакнато е и знамето на виножитото. На твитер-профилот на амбасадата пишува дека се придружуваат на одбележувањето на Неделата на гордоста во Македонија. „Го развеавме знамето-виножито за да ја одбележиме Неделата на гордоста во Македонија“, пишува на твитер-профилот на американската амбасада во Скопје. We are flying the rainbow flag to commemorate Skopje Pride Week....

Фото-изложба во Охрид: „Замоци, дворци и споменици на УНЕСКО во Чешка“

Утревечер, во 19 часот, во Галеријата на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, ќе биде отворена изложбата „Замоци, дворци и споменици на УНЕСКО во Република Чешка“. Организатор на настанот е Амбасадата на Република Чешка во Македонија, во соработка со Националната установа - Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид, градот кој, исто така, е под патронат на УНЕСКО. Изложбата ќе ја...

Граната експлодира пред руската амбасада во Дамаск

Едно лице загина, а тројца се повредени при експлозија на граната во близина на руската амбасада во Дамаск, јавува „Раша тудеј“. Сите жртви се Сиријци, а меѓу нив има и еден припадник на обезбедувањето на амбасадата. Портпаролката на руската амбасада ја потврди информацијата, додавајќи дека сите жртви се сириски безбедносни припадници. Ова е вторпат неделава граната да експлодира во близина на...

Оер: Чекаме што ќе покажат истрагите кои се во тек

Нашата желба е Македонија што поблиску да се приближи до европското семејство, а на тој пат треба да се напредува, изјави француската амбасадорка Лоренс Оер, денеска на средбата насловена „ЕУ во Македонија – кафе-пауза со Француската амбасада“. Според неа, се наоѓаме во средина на еден политички дијалог, кој од Скопје, синоќа продолжи во Стразбур, и треба, како што рече, на...

Амбасадата на САД повикува на зачувување на мирот

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје апелира на зачувување на мирот и изрази сочувство за загинатите и за повредените во полициската акција во Куманово. „Длабоко жалиме за загубата на животот на луѓето во полициската акција во Куманово и го изразуваме нашето сочувство до семејствата на полицајците и на цивилите кои се убиени и ранети. Ние ја следиме ситуацијата и сме во...

Палестинците отворија амбасада во Шведска

Палестинците отворија амбасада во Шведска, што е одраз на воспоставување цврсти врски откако официјален Стокхолм во октомври стана првата западна земја од ЕУ што ја призна Палестина како држава. Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска првпат ја посети Шведска по признавањето и ги повика и другите земји да го следат нејзиниот пример. - Вашето признавање би требало да поттурне кон преговори за мировен...

САД ја затвораат амбасадата во Јемен

САД, наводно, одлучиле да ја затворат амбасадата во Јемен поради влошување на безбедносната ситуација во земјата, јавува „Раша тудеј“. Јеменскиот персонал на американската амбасада во Сана, наводно, од амбасадорот добил известување дека мисијата ќе биде затворена во следните 24 часа. Амбасадите на САД во Турција и во Алжир, пак, според истиот извор, добиле известување да се грижат за американските интереси во...

САД: Властa да ја објасни изјавата на Обвинителството за „Пуч“

Амбасадата на САД со загриженост ја проследи изјавата од 3 февруари на канцеларијата на Јавното обвинителство дека „објавувањето материјали кои може да станат предмет на натамошна кривична постапка е забрането и казниво со закон“,  се вели во денешното соопштение од дипломатското претставништво на САД во Скопје. „Слободните медиуми се столб на едно демократско општество и медиумите играат клучна улога во...

УКИМ и Амбасадата на РФ ја одбележуваат соработката

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска, во соработка со Амбасадата на Руската Федерација, организира настан во знак на придонесот на меѓусебната соработка и развојот на образованието и науката. Во соопштението на УКИМ се наведува дека откривањето плочка на спомен-плочата на донатори и на пријатели на УКИМ, е резултат на досегашната соработка со амбасадорот на Руската Федерација во РМ,...

САД и Куба ги нормализираат односите

Куба го ослободи Американецот Ален Грос, во замена за тројца Кубанци затворени во САД. Размената на затвореници е првиот голем чекор во американско-кубанските односи. Американските претставници велат дека Грос, кој беше транспортиран со владин авион, е ослободен на хуманитарно барање, поднесено од Белата куќа. Ослободувањето на Грос, кој пет години се наоѓаше во затвор, претставува подобрување на односите меѓу Хавана...

Сенатот на САД го потврди Џес Бејли за нов американски амбасадор во Македонија

Американскиот сенат вчера даде потврда за новиот амбасадор  на САД во Македонија, Џес Бејли. Со тоа се исполнети условите за Бејли да ја преземе функцијата во Македонија откако ќе ги предаде агреманите на претседателот Ѓорге Иванов. Претседателот на САД, Барак Обама, го номинираше дипломатот од кариера Џес Бејли за иден амбасадор во Македонија и за наследник на Пол Волерс. Според неговата...

Нападната амбасадата на Израел во Атина

Израелската амбасада во Атина беше мета на вооружен напад рано изутринава. Зградата на амбасадата во атинската населба Нео Психико била нападната околу 3 часот наутро, со оружје од типот „калашников“. Околу зградата се најдени 54 истрелани куршуми. Во нападот нема повредени и причинета е само голема материјална штета на фасадата на амбасадата. Полицијата го води случајот како терористички напад, а...

(ВИДЕО) Кабул: Тројца убиени и 33 повредени при напад на британскиот конвој

Три лица загинаа, а 33 е повредени откако бомбаш-самоубиец нападна возило на битанската амбасада во авганистанскиот главен град Кабул. Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Седик Седики, изјави дека во нападот се повредени 33 лица, а уништени се три возила. Одговорноста за нападите ја презедоа талибанците, чиј портпарол соопшти дека бомбашот-самоубиец ги „нападнал странските окупаторски сили“. Портпаролот на британската амбасада во Кабул,...

Либија: Експлозија на бомби пред амбасадите на Египет и на Емиратите

Бомби експлодираа пред амбасадите на Египет и на Обединетите Арапски Емирати во либискиот главен град Триполи. Засега нема информации за жртви, ниту за предизвикани посериозни материјални штети. Експлозиите следуваа по серијата експлозии на автомобил-бомби, кои во средата експлодираа во неколку града во Лидија што се под контрола на меѓународно признаената власт. Египет и Обединетите Арапски Емирати летоска го повлекоа дипломатскиот персонал од Триполи поради...

Украинска компанија ќе гради живинарска фарма во Македонија

Изградба на живинарска фарма најави украинската компанија „Семинога“ на средбата на Здружението на трговија и Здружението на земјоделство и прехранбена индустрија при Стопанската комора на Македонија со претставниците од амбасадата на Украина. Украинската компанија „Семинога“ е еден од најголемите производители на пилешко месо како суровина за месната индустрија во Украина. Поседува четири фарми, своја кланица, производство на добиточна храна и околу 10.000...

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...