fbpx
Таг: амбасада

таг: амбасада

„Викиликс“ објави дека менталното здравје на Џулијан Асанж е загрозено

„Викиликс“ објави извештај во кој се наведува дека менталното здравје на основачот на страницата, Џулијан Асанж, ќе биде загрозено ако остане во амбасадата на Еквадор во Лондон. Извештајот е објавен пред судското сослушување во Шведска за тоа дали апелацискиот суд ќе го поддржи налогот за неговото апсење по обвинувањето за силување во 2010 година. „Менталното здравје на господинот Асанж најверојатно ќе се...

Експлозија во близина на кинеската амбасада во Киргистан

Во близина на кинеската амбасада во Киргистан експлодирал автомобил при што загинал возачот, а три лица се ранети, соопшти министерството за здравство на Киргистан. Властите наведуваат дека станува збор за самоубиствен бомбашки напад. Сведоци велат дека возачот на автомобилот се обидел да ја пробие капијата на амбасадата. - Како резултат на експлозијата, загина само бомбашот самоубиец. Членови на обезбедувањето на амбасадата се...

Оер: Франција тагува, но нема да попушти во борбата против тероризмот

Денеска Франција тагува поради терористички напад, изјави  француската амбасадорка Лоренс Оер во француската резиденција, по повод синоќешниот напад во Ница. - Сите денеска сочувствуваат со Франција. Многумина сè уште трагаат по своите најмили - рече Оер. Амбасадорката соопшти дека се во контакт со македонската амбасада во Париз и оти засега нема информации за настрадани Македонци. - Бевме во контакт со амбасадата во...

МНР: Досега нема информации за повредени и за загинати Македонци во Ница

Од Министерството за надворешни работи информираат дека досега нема информации за загинати или повредени Македонци во нападите во Ница, Франција. Од МНР соопштуваат дека се во постојан контакт со надлежните институции во Франција и до овој момент, нема информации за повредени или загинати македонски државјани, а за сите прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во...

Франција ги затвори амбасадата и конзулатот во Турција на неопределено време

Француската амбасада во престолнината на Турција ќе биде затворена на неопределено време, соопшти амбасадата. „Амбасадата на Франција во Анкара, како и конзулатот, ќе бидат затворени од среда, 13 јули , сè додека не се добие дополнителна информација“, стои во соопштението. Претходно француските дипломати во Турција ја откажаа прославата на националниот празник 14 јули. „Информациите што ги поседуваме покажуваат дека постои сериозна закана и...

Хајндл денеска пристигнува во Скопје

Специјалниот пратеник за Македонија на германскиот сојузен министер за надворешни работи Франк-Валтер Штаjнмаер, амбасадорот Јоханес Хајндл, денеска и утре ќе биде во посета на Скопје, соопштија од Амбасадата на Германија во земјава. „Надоврзувајќи се на неговите две посети од минатите недели, амбасадорот Хаiндл одново ќе разговара со партиите потписнички на Договорот од Пржино, како и со претставници на меѓународната заедница....

Турски демонстранти со јајца ја гаѓаа германската амбасада во Анкара

Турски демонстранти со јајца ја гаѓаа амбасадата на Германија во Анкара, откако парламентот во Германија ја усвои резолуцијата со која убиството на Ерменците за време на Првата светска војна е квалификувано како геноцид. Околу 200 демонстранти се собрале пред амбасадата, извикувајќи „Не верувајте на лагите за геноцидот“. Со јајца биле погодени ѕидовите на амбасадата, влезната капија, а никој од персоналот не...

Македонскиот ајвар и чаевите претставени на Саемот за храна во Атина

Македонскиот ајвар, чаеви и дел од традиционалните кулинарски специјалитети беа претставени на Меѓународниот саем за храна во Атина. Ова е втора година како македонската амбасада во Атина се претставува на овој саем, организиран од здружението на сопругите на амбасадорите во Грција. Посетителите на македонскиот штанд имаа можност да вкусат дел од традиционалните специјалитети како ајварот, малиџаното и готвеното тавче-гравче, како...

Амбасада на САД: Да се свика Собранието и да се откажат изборите

Фактот дека само една голема политичка партија поднесе кандидатски листи за изборите за 5 јуни ја истакнува и ја засилува загриженоста дека условите не се погодни за спроведување на веродостојни избори, велат од Амбасадата на САД, на прашањето од „Мета“ за чекорот на владејачката партија сепак да поднесе кандидатски листи на пратеници до Државната изборна комисија (ДИК). - Останува уште недовршена работа...

Амбасада на Холандија: Кундерс ја повтори загриженоста за состојбата во земјата

Министерот за надворешни работи на Холандија, Берт Кундерс, испрати писмо до четворицата лидери, потписници на Договорот од Пржино, во кое ја повторува загриженоста на ЕУ и на Холандија, како актуелен претседавач со Унијата, во однос на политичката ситуација во земјата, соопштија попладнево од амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија. Во писмото, како што велат од амбасадата, Кундерс уште еднаш...

Македонци во Вашингтон одржаа протест пред Амбасадата на РМ

Македонци иселени во Вашингтон денеска протестираа пред Амбасадата на Македонија, во знак на поддршка за своите сограѓани кои протестираат за владеењето на правото и за демократијата во Македонија, пишува „Радио МОФ“. - Ги поддржуваме нашите сограѓани во нивните барања, оставка на претседателот Иванов, почнување на процес за избор на експертска влада и итно суспендирање на почнатиот процес за одржување на...

Амбасадата на САД во Турција предупредува на терористички напади во Истанбул и во Анталија

Амбасадата на САД во Турција денеска ги информираше своите граѓани дека има сознанија за реални закани од терористички напади во туристичките зони во Истанбул и во јужниот град Анталија. Во соопштението објавено на интернет-страницата на Амбасадата на САД во Турција, пишува дека треба особено да се внимава на плоштадите и на кејовите. Амбасадата апелира граѓаните да ги следат и локалните медиуми.

Чешка донира 740.000 евра за возила на македонската гранична полиција

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и амбасадорот на Чешката Република во земјава, Мирослав Рамеш денеска го потпишаа договорот за донација од 740.000 евра за набавка на 25 теренски возила за македонската гранична полиција. Ова е трета донација на Чешката Република за земјава, во рамките на мерките за справување со мигрантската криза. Претходните две донации беа во шатори, греалки, кревети,...

МНР го осуди нападот во Белгија

Министерството за надворешни работи изразува длабоко сочувство за семејствата на сите загинати и повредени во терористичките напади во Белгија и најостро ги осудува овие напади во кои неколкумина граѓани се загинати и повредени. За сите информации поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Белгија, од МНР сугерираат заинтересираните да се обратат во македонската амбасада во...

Нема информации за повредени македонски државјани во експлозиите во Брисел

Серија експлозии од утринава се случија во Брисел, Белгија, во кои, според последните информации, најмалку 17 лица загинаа, а десетици се повредени. Две експлозии рано утрово имаше на бриселскиот аеродром „Завентем“, а некои медиуми пишуваат за експлозии што се случиле и во неколку метро-станици во Брисел. Белгиските власти потврдија дека сите метро-станици, целиот јавен транспорт, музеите и зградите на Европската Унија се...

Амбасада на САД: Уставниот суд не се држел до востановените процедури

Брзината со која дејствуваше Уставниот суд и нетранспарентното одлучување беа во голема мера без преседан, изјавија од Aмбасадата на САД во земјава за порталот „Сакам да кажам“. „Институциите ја градат довербата преку транспарентност и држење до востановените процедури. Активноста на судот се чини е спротивна на неговите процедури. Уште повеќе зашто, за да се одговори на проблемите со изборните нерегуларности на...

Амбасада на САД: Зошто седницата на Уставен суд е затворена?

Со хаштагот „Прашање на денот“, Амбасадата на Соединетите Американски Држави денеска на „Твитер“ праша „Зошто Уставниот суд денеска одржува седница затворена за јавност? Транспарентноста е клучна за секоја институција“. Оваа порака преку својот твитер-профил ја објави и британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет. Денеска Уставниот суд на Македонија на седницата, која почна точно во 9 часот, решава дали на претседателот на државата...

Tркалезна маса: Еколошките политики се нереални

Во Македонија државните политики од областа на екологијата се спроведуваат бавно, смета универзитетскиот професор Зоран Шапуруќ, учесник на тркалезната маса „Како се трошат народните пари и колку се инвестира во животната средина“ што се одржа во Тетово. Тој смета дека еколошките политики се нерални и во практика многу малку се остварува од сето она што е планирано во поглед на заштита на...

Јапонија ѝ помогна на Македонија за бегалската криза со повеќе од 4 милиони евра

Владата на Јапонија одлучи да ги поддржи локалните власти во Гевгелија и во Куманово поради бегалска криза во Македонија со што преку Грант-програмата за поддршка на мали проекти (GGP),  Јапонија ќе помогне во рехабилитација и во обнова на медицинска опрема за ЈЗУ Општа болница - Гевгелија и набавка на специјализирано возило за отпад и за контејнери за Општина Куманово. „Ова е...

Германија: Нема услови за избори според европски стандарди

Германија го дели мислењето на Европската комисија во врска со состојбата со подготовките за парламентарни избори во Македонија, односно дека се потребни понатамошни реформски чекори пред да постои можност за избори според европски стандарди, соопштија попладнево од германската амбасада во Скопје. Од амбасадата ги повикуваат сите политички партии вклучени во процесот да вложат напор и да покажат политичка волја да најдат заедничко...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...