МНР: Досега нема информации за повредени и за загинати Македонци во Ница

Од Министерството за надворешни работи информираат дека досега нема информации за загинати или повредени Македонци во нападите во Ница, Франција.

Од МНР соопштуваат дека се во постојан контакт со надлежните институции во Франција и до овој момент, нема информации за повредени или загинати македонски државјани, а за сите прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Франција, граѓаните да се обратат во македонската амбасада во Париз.

МНР изрази длабоко сочувство за семејствата на сите погинати и повредени во терористичкиот напад во Ница,Франција.

„Изразуваме длабоко сочувство за семејството на сите повредени и загинати и најостро ги осудуваме овие напади во кои животот го загубија повеќе од 70 граѓани, а неколку десетици се повредени“, пишува во соопштението на министерството.