fbpx

Јапонија ѝ помогна на Македонија за бегалската криза со повеќе од 4 милиони евра

-

Владата на Јапонија одлучи да ги поддржи локалните власти во Гевгелија и во Куманово поради бегалска криза во Македонија со што преку Грант-програмата за поддршка на мали проекти (GGP),  Јапонија ќе помогне во рехабилитација и во обнова на медицинска опрема за ЈЗУ Општа болница – Гевгелија и набавка на специјализирано возило за отпад и за контејнери за Општина Куманово.

„Ова е четвра помош од Јапонија за бегалската криза во Македонија. Од минатиот септември досега, поддршката од Јапонија за централната и за локалните власти во Македонија изнесува повеќе од 5,2 милиони американски долари  (4,2 милиони евра). Во септември 2015 година, Јапонија распредели приближно 930.000 американски долари итна грант-помош за поддршка на бегалците во Македонија преку УНХЦР, ИОМ и Меѓународниот Црвен крст. Во ноември 2015 година, Јапонија придонесе 1,2 милиони американски долари за поддршка на планот на УНХЦР за справување во зимски услови со бегалската криза во Македонија. Во јануари 2016 година, Јапонија одлучи да придонесе 3 милиони американски долари, преку дополнителен буџет на државата, за проектите на УНДП и на УНИЦЕФ за поддршка на локалните власти и поддршка на жени и деца – бегалци и мигранти. Во март 2016 година, Јапонија одлучи да додели помош во износ од 150.000 американски долари за гореспоменатите два проекта во Гевгелија и во Куманово“, стои во соопштението од јапонската амбасада.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...