fbpx

За ВМРО-ДПМНЕ иронија е СДСМ да обвинува за партиска поврзаност во судството

-

СДСМ е партијата која во ист ден, со декрет смени и именуваше 600 судии на генералниот реизбор реализиран без дискусии, само со кревање два прсти, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, кој обвини дека Јован Јосифовски, судија на Уставниот суд, и Елена Гошева, претседателка на Уставниот суд, имаат конфликт на интереси и треба да си поднесат оставки.

„Има ли поголема иронија во тоа кога СДСМ обвинува за партиска поврзаност во судството? Филип Медарски, адвокатот на аболираниот криминалец Зоран Заев има сопруга која е судија во основниот суд Скопје. Неговата баба е јавен обвинител, а неговиот кум Гаврил Бубевски е десна рака на Катица Јанева. Судијата во Уставниот суд Наташа Габер е сестра на Виктор Габер, истакнат член на СДСМ и на комисијата за надворешни работи“, стои во соопштението на владејачката партија.

СДСМ, се вели во реакцијата, продолжува да измислува теми, да скандализира, за потоа да ги коментира, само со една цел – нејзините водачи да се присутни со нешто во јавноста, бидејќи друго немаат што да им понудат на граѓаните.

„Од СДСМ нема ниту програма, ниту проекти, ниту мерки, туку исклучиво фабрикување на афери во стилот на Чаушот. Јавноста добро знае дека ВМРО-ДПМНЕ останува на истиот став поврзан со темата која како иницијатива се појави пред Уставниот суд. И тој став ВМРО-ДПМНЕ не го сменила ни во 2009 година, ни денес. СДСМ е тој што менува ставови, односно еднаш е за правото на претстедателот на државата да помилува во одредени случаи, за сега да се противи на тоа. Очекувавме Шилегов да излезе барем да го презентира единствениот став на СДСМ по ова прашање. Како што ќе се ближат изборите на 5 јуни, така понервозно Шилегов и СДСМ ќе ги повторуваат истите невистини и манипулации. Тие се свесни дека граѓаните не им веруваат повеќе на нивните фабрикувани афери од подрумот на Чаушот и за целото ова држање во заложништво на државата, од СДСМ ќе бидат сурово казнети по десетти јубилеен пат“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...