fbpx

СВП: Поетски портрет на најголемиот современ арапски поет – Адонис

-

Дел од синоќешните активности на 54. издание на Струшките вечери на поезијата, беа поетскиот портрет на сиријско – либанскиот и поет со светска слава, Адонис – лауреат на СВП од 1997 година, поетската вечер посветена на мексиканската поезија, како и нововостановената манифестација „Поезија на пат“.

Творештвото на најголемиот современ арапски поет во поетска Струга се слави повторно после 18 години, додека Паскал Гиновски оцени дека Адонис сосема заслужено се наоѓа на врвот на поетскиот Олимп, а неговите стихови толку смело се оттргнати од челичните стеги на традиционалната арапска поезија.

Неговата поезија, додаде Гиновски, триумфално го почна својот незапирлив поход кон сите светски меридијани, пулсирајќи со таква силина и елан, што од ден на ден од својот автор создаваат жива поетска легенда.

Промоторот на поетскиот портрет на Адонис, академикот Влада Урошевиќ посочи дека фестивалот СВП ја црпе својата сила од вербата дека поетската реч може да влијае и да ја промени човечката суштина.

– Многумина кои биле тука, на овие незборавни фестивалски денови, со нескриено чудење се прашувале како една мала земја може да биде толку голема, за со такви незборавни свечености да ја празнува поезијата?

Оваа година одбележуваме еден голем јубилеј – 50 години од востановувањето на најголемата светска награда за поетско творештво – „Златниот венец“. Најголема е заради исклучителната листа на поети кои биле наградени со неа, листа на кои се нашле, сега веќе класисците на поетската уметност од втората половина на 20- тиот и почетокот на 21-от век – посочи Урошевиќ.

Пред интернационалната публика во поетска Струга четворицата мексикански поети, Марио Бохоркес, Али Калдерон, Михаил Ламас и Хавиер Гутиерез Лозано ја претставија антологијата на современата мексиканска поезија „Златни нишки“, како и дел од своето творештво.

Али Калдерон еден од двајцата приредувачи на антологијата, која е почеток на плодотворна соработка меѓу Струшките вечери на поезијата и Интернационалниот поетски фестивал во „Којоакан“, во Мексико Сити говореше за поезијата на Октавио Пас.

– Октавио Пас беше еден од најголемите поетски генијалци во светот на 20 век. Тој му покажува на светот, начин како да се пишува модерна поезија. Да се биде модерен значи да се даде одговор на најбитните прашања во ова модерно време. Прашањето е, што сакам да кажам, кога ќе кажам јас. Поезијата после Октавио Пас ја покажува длабочината, го покажува културализмот, суштината и вистинитоста – рече Калдерон.

Нововостановената манифестација „Поезија на пат“, почна да се реализира во неколку градови на различни локации на отворено. Поезија се читаше во Струга, Охрид, Битола, Ресен и Скопје. Поетите имаа можност да посетат културно – историски споменици, да се запознаат со знаменитостите, културата, но и да вкусат специјалитети карактеристични за градовите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...