fbpx

Светските медиуми кратко пренесуваат за обвинувањата за мито во зделка со Израел

-

Светските медиуми ја пренесоа кратко и телеграфски вчерашната прес-конференција на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, објавувајќи ја истата информација на новинската агенција „Асошиејтед прес“ (АП).

Во веста на АП, насловена „Директорот на македонското разузнавање обвинет дека зел мито за зделка со Израел“, се наведува дека Заев вчера објавил снимки кои покажуваат како директорот на разузнавачките служби, Сашо Мијалков, неговата асистентка и лица од Израел договараат трансфер на пари за митото за набавка на опрема за прислушување од Израел во 2011 година. Агенцијата наведува дека Заев не ја открил точната сума на митото за зделката и оти навел дека станува збор за „многу нули“.

АП, повикувајќи се на „Нетпрес“, наведува дека Мијалков ги демантира обвиненијата, велејќи дека станува збор за „донација“ од 5,5 милиони евра добиена за „набавка на опрема за специјалните полициски единци“. Сепак, во веста не открива детали за сумите за трансферите, ниту, пак, наведува детали за Израелците од снимките.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...