Светските лидери се собираат во Париз, на Самитот на ОН за климатските промени

-

Лидерите на речиси 150 земји од светот се собираат во Париз на Самитот на Обединетите нации за климатските промени, кој почнува утре (30 ноември), јавуваат светските медиуми.

На 21. сесија на Конференцијата на членките (COP 21), светските лидери, меѓу кои и претседателите на САД, Кина, Индија и на земјите-членки на Европската унија (ЕУ), како најодговорни за емисијата на штетни гасови, ќе се обидат да постигнат договор за еден од најголемите предизвици на 21. век – спасување на планетата од разорните климатски промени.

Во Париз, кој пред две недели беше цел на терористички напади, безбедносните мерки, како што пренесува ХРТ, се на највиско ниво, а војската е присутна на секој чекор.

Набљудувачите на самитот, упатени во проблематиката што ќе биде тема на разговорите, за „Би-Би-Си“ изјавиле дека поради неодамнешните терористички напади, поголеми се шансите лидерите да постигнат нов договор за климатските промени.

Се очекува на самитот, кој ќе трае до 11 декември, да учествуваат околу 40.000 луѓе.

Во меѓувреме, односно во пресрет на самитот на ОН, почна глобалниот марш за климата, а првите протести се одржаа во главниот град на Филипини, Манила и во Бризбејн, Австралија, која, како што пренесува ХРТ, е прва земја во светот кога станува збор за емисија на штетни гасови по жител.

САД ќе го прекинат финансирањето за вакцини за сиромашните земји, но ќе продолжат со одредена помош за ХИВ и туберкулоза

Администрацијата на Трамп има намера да ја прекине финансиската поддршка на САД за Гави, организацијата која помогна во набавката на клучни вакцини за децата во земјите во развој, спасувајќи милиони животи...

Студентската правобранителка на УКИМ: Да ја споделиме маката и да бараме систем кој работи за нас

По низата случувања во академската заедница во текот на изминатите две недели кои следуваа по трагедијата во кочанската дискотека „Пулс,“ попладнево со став се огласи студентската правобранителка на Универзитетот „Св. Кирил...

Српските студенти организираат изложба на кучиња за собирање средства за фамилиите на жртвите од пожарот во Кочани

Студенти на Факултетот за ветеринарна медицина во Белград во недела организираат изложба на кучиња со цел да соберат средства за семејствата на жртвите од пожарот во Кочани. „Ги покануваме сите љубители на...

Започнаа годишните билатерални разговори со НАТО

Денес и утре тим од НАТО – Алијансата предводен од високиот политички експерт и известител за нашата држава Стјуарт Ендрјус ќе учествува на билатералните одбранбени разговори со Алијансата, соопштија од Министерството...

САД ќе го прекинат финансирањето за вакцини за сиромашните земји, но ќе продолжат со одредена помош за ХИВ и туберкулоза

Администрацијата на Трамп има намера да ја прекине финансиската поддршка на САД за Гави, организацијата која помогна во набавката на клучни вакцини за децата во земјите во развој, спасувајќи...