fbpx

96-годишниот Мирко Иваноски, најстар жител во општините Охрид и Дебарца

-

Охриѓанецот Мирко Иваноски(96), кој е роден на 17 ноември 1919 година, е прогласен за најстар жител во општините Охрид и Дебарца на конкурсот објавен од охридскиот Црвен крст, како дел од активностите за одбележување на Неделата на грижа за стари лица.

Како што пренесува порталот „Охрид њуз“, за брачна двојка со најмногу години поминати заедно, во рамките на истиот конкурс, се избрани Костадина и Душан Лошкоски од село Оровник, општина Дебарца, кои во брак стапиле на 15 февруари 1949 година, односно пред 66 години.

Првопрогласените на овој необичен конкурс добија пригодни подароци и признанија на свеченост наречена „За сончева есен на животот“, која се одржа во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

Во рамките на манифестацијата, на која модератор беше актерот Љупчо Тодоровски-Упа, на сцената настапија членовите на Културно-уметничкото друштво „Далги“, кое функционира во рамки на Здружението на пензионери од Охрид и од Дебарца.

Како дел од активностите во рамките на Неделата на грижа за стари лица, екипи на Црвениот крст, заедно со медицински тимови, организираат бесплатни здравствени прегледи за старите и изнемоштени лица во општина Дебрца, со посета во нивните домови.

Пунктови за бесплатни прегледи се поставени и на подрачјето на Охрид.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...