fbpx

Суреа Таук: Гарантираме дека „Јахја Кемал“ е подготвено за почеток на учебната година

-

„Јахја Кемал“ е македонски бренд, се занимава само со наука, а не со политика и ги отфрламе сите шпекулации дека сме поврзани со некаква организација, вели директорот за односи со јавноста на „Јахја Кемал“, Суреа Таук, во интервју за „Фактор“.

– Имаме пет сопственици од Турција кои се занимаваат само со образование, еден од Германија и еден од Македонија. За жал, во незгодно време се појавија шпекулациите, ние на нашата фејсбук-страница и на веб-порталот им гарантиравме на учениците и на родителите дека сме подготвени успешно да ја почнеме учебната година. Учениците и родители вчера беа видно вознемирени, но ние им кажавме дека нема простор за страв и за паника. Имавме инспекциски надзор во седум области од образованието и го поминавме со највисока можна оценка – 4.00. Тоа е доволен доказ за нашата професионалност и посветеност во образовниот процес – вели Таук.

За изјавата на министерот за надворешни работи, Никола Попоски, Таук вели дека е повеќе дипломатска отколку политичка, а дека нивниот објект во Карпош е плод на првото бизнис-презентација на Македонија во Турција на поранешниот премиер Никола Груевски.

Попоски пред два дена изјави дека владата има донесено одлуки во однос на барањето на Турција за затворање на неколку организации, меѓу кои и школи поврзани со свештеникот Фетулах Ѓулен, но не прецизираше какви одлуки биле донесени.

– Во поглед на прашањето за одлука на влада: да, владата има донесено одлуки. Сите одлуки што би ги носеле и ќе го носиме ќе бидат во согласност со нашето законодавство и со нашите национални интереси. Тоа било и ќе биде – рече Попоски.

Официјална Анкара го обвинува Ѓулен дека стои зад неуспешниот обид за воен удар во Турција, извршен на 15 јули. По ударот, турските власти, суспендираа и отпуштија околу 80.000 професори, судии, обвинители, полицајци, војници, дипломати и други државни службеници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...