fbpx

Студент фрли доматен сос врз албанската министерка за образование

-

Студент, активист од Движењето за универзитет, вчера фрли доматен сос врз министерката за образование на Албанија, Линдита Никола, јави дописникот на „Мета“ од Тирана.

Левичарското Движење за универзитет се противи на образовните реформи, тврдејќи дека со нив се привилегираат приватните универзитети, а се дискриминираат сиромашните студенти. Движењето во изминатиот период организираше повеќе протести, но владата засега нема слух за нивните барања.

„Активистите од Движењето за универзитет спроведоа симболична акција против министерката за образование, Линдита Никола. Денеска, илјадници завршени средношколци сè уште немаат избрано струка, а на јавните факултети има непополнети места. Шемата за пријавување на студентите отворено ги фаворизира универзитетите кои се клиенти на владата“, велат од движењето.

Активистката Мирела Руко била приведена во полиција, а пуштена е утринава, по 10-часовен притвор. За време на нејзиниот притвор, десетици активисти протестираа пред полициската станица и бараа нејзино ослободување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЈСП: Утре ќе сообраќаат автобусите по неделен возен ред, а жичницата нема да работи

Утре, за време на двојните претседателски и парламентарни избори, автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред. Жичницата до врвот на Водно нема да работи. Дежурни ќе бидат билетарниците на...