fbpx

Стоматолог е новиот координатор на ВМРО-ДПМНЕ во Штип

-

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го потврдил изборот на стоматологот Дејан Ивановски за нов претседател на партискиот општински комитет во Штип, информира Иво Котевски од Центарот за комуникации на партијата.

Ивановски е релативно ново и непозното име во штипските политички кругови. За дел од партиските членови е изненадување бидејќи не се сеќаваат дека името на Ивановски било во повеќе анкети што ги спровела партијата при изборот за координатор.

Имено, близу две години, со неколку распишани конкурси, траеше изборот на прв човек на разгранокот на владејачката партија во Штип, откако досегашниот, Никола Мицевски, влезе во парламентот. Во меѓувреме, Мицевски ја вршеше функцијата в.д. координатор. Од партијата коментираат дека не е првпат највисокиот врв и лидерот Никола Груевски да излезат со избор на координатор чие име ниту еднаш не е споменато во партиските комбинаторики.

Новиот координатор Ивановски бил член на партијата од 1997 година, но поактивен во партијата е последните две-три години. Од партиските тела, бил член на комисијата за здравство во унијата на млади сили. Има приватна ординација во населбата Сењак. Интересно е дека на претстојните избори во април 2016 година, разграноците на двете најголеми партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ,  во Штип ќе се „судрат“ раководени од стоматолог и од хирург.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...