fbpx

Ставрески: Се зголемува интересот за „Купи куќа, купи стан“

-

Канцеларијата за проектот „Купи куќа, купи стан“, отворена во Министерството за финансии, ги исполни очекувањата, соопшти денеска вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески. Според него, во канцеларијата дневно доаѓаат повеќе од 30 лица, се информираат каде има станови по цена пониска од 900 евра за еден квадратен метар, преку кои фирми може да ги купат. Се интересираат и каде има локации за куќи, кои се банките преку кои може да се земат кредити, под кои услови и колку државна помош можат да добијат, истакна Ставрески.

– Ги информираме граѓаните за сите услови. Интересот е значително зголемен. Од крајот на ноември до Нова година позитивно се решени повеќе од 100 барања, а оттогаш досега 35 – рече Ставрески, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за еднократниот отпис на долгови.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петнаесет работници лани загинале на работните места

Утре, в недела, на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, во паркот на улицата Пандил Шишков во општина Аеродром ќе бидат засадени 15 дрвца, колку што изнесува...