fbpx

ССНМ: Да им се овозможат на новинарите елементарни услови за работа

-

Самостојниот синдикат на новинари и на медиумски работници (ССНМ) најостро протестира поради третманот на новинарите и на медиумските работници од политичките елити, каков што беше покажан и вчера попладне пред Клубот на пратениците, кога претставниците на медиумите беа оставени со часови да чекаат надвор од објектот.

„Синдикатот сака да потсети дека таквиот однос, кој се повторува во континуитет, не е однос кон новинарите и кон медиумите, туку е однос кон јавноста генерално, со што политиката покажува колку ги цени сопствените граѓани и нивното право да бидат информирани. Цинизмот на политичките елити во нивниот потценувачки и понижувачки однос е дотолку поголем, бидејќи вчера требаше да се преговара за ДИК, но и за истите тие медиуми чии претставници беа оставени со часови на студ да ги чекаат резултатите од преговорите. ССНМ бара од сите политичари и институции во иднина на новинарските екипи да им овозможат елементарни услови за работа и потсетуваме дека силно ќе го креваме нашиот глас пред домашната и меѓународната јавност за начините на кои се третирани медиумските работници од политиката“, стои во соопштението на ССНМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...