fbpx

Русија проверува помагачи на ИД

-

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) води истрага за 1.600 лица и правни субјекти кои се осомничени за помагање на џихадистичката група Исламска држава, соопшти директорот на ФСБ, Александар Бортников.

Тој додаде дека агенцијата идентификувала 2.900 руски државјани кои се поврзани со борците во Сирија и во Ирак, наведувајќи дека во борбите загинале 198 лица, а во Русија се вратиле 214 лица, од кои 80 се осудени.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека меѓу 5.000 и 7.000 државјани на Русија и на други поранешни советски држави ѝ се приклучиле на ИД.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...