ССНМ бара да се казнат напаѓачите на новинарската екипа од „А1он“

-

ССНМ го осуди вечерашниот вандалски напад врз новинарската екипа на порталот „А1он“ за време на протестот „За заедничка Македонија“ и побара полицијата да ги пронајде напаѓачите.

„Синдикатот бара полицијата во најкраток можен рок да ги пронајде напаѓачите и да го расчисти инцидентот, бидејќи ова не е првпат да се претепуваат новинари и она што најмногу загрижува е што најчесто напаѓачите остануваат неказнети. Токму ваквиот однос кон новинарската професија, меѓу другото, придонесува Македонија секоја година дополнително да тоне на меѓународните листи за слобода на печатот и да гравитира поблиску до земји како Северна Кореја, отколку до современите демократии“, стои во соопштението.

Од Синдикатот истакнуваат дека инцидентот е резултат на неодговорните политичари и нивните приврзаници чиј говор на омраза преку медиумите и социјалните мрежи токму на ваков начин се сели на улиците.

„Со оглед дека протести се најавени и во наредните денови, ССНМ ги повикува членовите на иницијативата „За заедничка Македонија“ и нивните поддржувачи да направат сè што е во нивна моќ овој инцидент да не се повтори и да им овозможат на новинарите да си ја вршат работата без да стравуваат за својот живот“, стои во соопштението.

Наставници од земјава ќе учат како да применуваат нови методи во наставата

Институтот за применети истражувања и бизнис од Скопје, ќе обучува тренери кои потоа ќе ги учат нашите наставници како да им предаваат на учениците од новите генерации, кои се веќе навикнати...

(Галерија) На Школка се одржа настанот „Гуш и бац е љубов“, децата учеа и се поврзуваа без предрасуди

„Гуш и бац е љубов“, е настан кој по шести пат вчера се одржа на Школка во Градски парк. како што велат организаторите, здружението „Аутизам ААМК“, настанот бил прослава на детската...

Изгубениот контекст на изјавите на Тони Блер

Британските, но и дел од македонските медиуми во сензационалистички манир ги претставија ставовите на некогашниот премиер на Обединетото кралство, Тони Блер, како дефинитивен пораз на поборниците за климатски промени. Но, голем дел...

ДИЦ: Освен во училишта, матурата годинава ќе се полага и на пет универзитети

Годинaшната државна матура ќе се спроведува не само во средните училишта, туку и во простории на пет државни универзитети низ земјата. Како што потврдуваат од Државниот испитен центар (ДИЦ) за Мета.мк,...

Наставници од земјава ќе учат како да применуваат нови методи во наставата

Институтот за применети истражувања и бизнис од Скопје, ќе обучува тренери кои потоа ќе ги учат нашите наставници како да им предаваат на учениците од новите генерации, кои се...