„Средношколски пленум“: Казнувањето на Илина Димовска е класична цензура

-

„Средношколски пленум“ го осуди притисокот врз средношколката Илина Димовска од Велес, на која ѝ беше намалено поведението поради став искажан на „Фејсбук“ и побара укинување на изречената мерка. Од „Средношколски пленум“ велат дека училиштето на овој начин врши цензура и притисок врз средношколката.

„Управата на училиштето, со ваквиот чекор, дрско посегнува по слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, загарантирани со Устав, со што се врши класичен обид за цензура и за притисок, при што дополнително, на средношколката ѝ се оневозможува и правото на претставки и на жалби. Изразуваме јасна и недвосмислена поддршка на средношколката Илина Димовска од Велес, додека ваквиот чин на управата несомнено го вбројуваме во листата на неуспешни обиди за газење по слободната и по критичка мисла и амортизација на револтот од лошите реформи во образованието“, се вели во реакцијата на „Средношколски пленум“.

На средношколката Илина Димовска, ученичка во „Кочо Рацин“ во Велес, ѝ било намалено поведението затоа што на 16 номеври на „Фејсбук“ напишала критички став кон вработените во училиштето. Казната била донесена без да се завери записник, да се свика Советот и без одлуката да ја потпише родител.

„За статусот бев повикувана на разговори со директор и со служба кои се почувствувале многу навредени и изненадени и ги болеше тоа дека ја кажувам вистината за тоа што се случува во гимназијата. Разговорите беа писхичко малтретирање за мене поради начинот на кој ми се обраќаа и фактот дека тројца возрасни ѝ се нафрлија на ученичка од 16 години. Добив закана, или, подобро да речам, соопштение дека ќе бидам санкционирана поради фејсбук-статус. За да се изрече педагошка мерка, потребно е да се завери записник, да се свика совет, да се донесе одлука, одлуката да се достави до родител и да има потпис од родител. Еве, ќе ви кажам, ништо од тоа не се случи. Ниту јас, ниту мој родител се потпиша на записник, ниту беше доставена одлука до моите родители, ниту некој се потпиша на одлука“, напиша средношколката Димовска.

Владата прогласи кризна состојба во траење од еден месец поради пожарите

На вчерашната седница, Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на територијата на државата заради зголемена појава на пожари, со времетраење од 30 дена. Како што информираат оттаму оваа одлука е донесена...

Предложен притвор за лицето коешто предизвика пожар на улицата „Ѓорче Петров“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето...

Македонија стана дел од Програмата на Европската унија „Граѓани, еднаквост, права и вредности“

Од владата денес информираа дкеа Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани во Брисел денес ја потпиша Меѓународната спогодба за учество на РСМ во Програмата на Европската унија „Граѓани,...

За кандидирање независни советници условот да биде од 20 до 100 потписи, бараат граѓанските организации

Девет граѓански организации и иницијативи денеска повторно апелираа да се повлечат заглавените противуставни измени на Изборниот законик и да се предложат нови кои ќе бидат во линија со одлуката на Уставниот...

Владата прогласи кризна состојба во траење од еден месец поради пожарите

На вчерашната седница, Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на територијата на државата заради зголемена појава на пожари, со времетраење од 30 дена. Како што информираат оттаму оваа одлука...