fbpx

Спасовски: Уставниот суд да не носи партиски одлуки

-

Покренувањето на иницијативата на Уставниот суд за законот за помилување и носење на една таква одлука ја потврдува констатацијата за немање на слободни, фер и демократски избори, рече министерот за внатрешни работи од редовите на СДСМ, Оливер Спасовски помеѓу жителите на Гевгелија.

-Го повикувам Уставниот суд навистина да носи одлука врз основа на уставните одредби, врз основа на законот, не врз основа на партиски одредби заради тоа што тие се тука да ја штитат Република Македонија и уставниот поредок на земјава. Има многу криминал, има многу корупција во Република Македонија. Создавањето на лажни избирачки списоци исто така претставува изборен криминал и за сите тие криминали ќе мора некој да одговара ако сакаме Република Македонија да зачекори напред – вели Спасовски.

Спасовски рече дека секој што направил било што спротивно на законот треба да одговара заради тоа што само така Република Македонија може да биде праведна држава, економски просперитетна, држава во која младите овде ќе ја градат сопствената иднина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.