fbpx

Состанок на САД и на Русија во Србија за Украина

-

Портпаролот на американскиот Стејт департмент за „Гласот на Америка“ потврди дека специјалниот претставник на САД за ставање крај на судирите во Донбас, Курт Волкер, и помошникот на рускиот претседател, Владислав Сурков, на 7 октомври ќе се сретнат во Белград.

Како што наведуваат од Стејт департментот, тема на разговорот е имплементацијата на договорот од Минск.

Волкер вчера на својот твитер-профил го најави белградскиот состанок со помошникот на рускиот претседател во Белград.
„Ќе се сретнам со рускиот колега во октомври во Белград, за да разговараме за побрза имплементација на договорот од Минск и обновувањето на територијалниот интегритет на Украина“, наведе Волкер.

Спогодбата од Минск од февруари 2015 година предвидува прекин на огнот во источниот де на Украина, Донбас, и понатамошни чекори за ставање крај на судирите, но во голема мера не се применува.

Амбасадорот на Украина во Србија, Олекандр Александровиќ, за балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“ изјави дека Белград веројатно е избран затоа што Сурков е на листата на ЕУ на санкционирани лица, поради што му е забрането патување во овие земји.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...