fbpx

Сончево време, со температура до 10 степени

-

Денеска времето во Македонија ќе биде претежно сончево, а долж Повардарието и во источните делови од земјата повремено ќе дува умерен ветер од северен правец. Во претпладневните часови, во одделни котлини ќе има услови за појава на магла.

Утринската температура се движи од минус 11 до минус 3 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од 6 до 10 степени.

Во Скопје се очекува слично време, претежно сончево, со умерен северен ветер. Дневната температура во главниот град ќе достигне до 6 Целзиусови степени.

Во наредните денови ќе преовладува сончево време со ниска утринска температура и со појава на магла во одделни котлини во утринските часови. Пораст на дневната температура ќе има в петок и за време на викендот, а од понеделник се очекува зголемување на облачноста и опаѓање на дневната температура.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...