fbpx

Сончево и студено време, најстудено е во Маврово со минус 12 степени

-

Времето денеска ќе биде сончево, но студено, со умерена облачност. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Минималната температура ќе се движи од од минус 8 до минус 2 Целзиусови степени, а максималната од минус 2 до 5 степени.

Во Скопје и во околината ќе преовладува слично време со температура до 3 Целзиусови степени.

Најниска температура утринава беше измерена во Маврово, минус 12 Целзиусови степени, а највисоката во Гевгелија, 1 Целзиусов степен. Во Лазарополе и во Крушево температурата изнесувала минус 9 Целзиусови степени, во Ѓуриште минус 8 степени, во Пожаране минус 7, Тополчани минус 6, Берово и Крива Паланка минус 5 степени, во Дебар, Прилеп и во Претор минус 4, во Битола, Куманово и Охрид минус 3, во Петровец, Штип, Виница, Демир Капија и Тетово минус 2, во Скопје и во Струмица минус 1 Целзиусов степен, во Дојран нула и во Гевгелија 1 степен.

Најмногу снег има наврнато во Маврово, 24 сантиметри, во Демир Капија – 16 сантиметри, во Крива Паланка е 15 сантиметри, во Берово и во Тополчани – 14, во Ѓуриште – 13, во Крушево и во Битола – 9 сантиметри, во Штип – 8, во Лазарополе и во Виница – 6, во Прилеп и во Пожаране – 4, во Претор – 3 и во Струмица – 1 сантиметар.

Од УХМР најавуваат дека во следните денови нè очекува особено ниска утринска температура, која на повисоките места ќе се спушти и под минус 10 Целзиусови степени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...