fbpx

Сончево и релативно топло со мала облачност

-

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност, а во западните делови од земјава ќе дува умерен до засилен западен ветер. Миналната температура ќе се движи од 3 до 10 Целзиусови степени, а дневната од 22 до 28 степени.

Во Скопје и во околината ќе биде сончево со мала облачност и со температурата од 9 до 26 Целзиусови степени.

В петок ќе биде претежно сончево и топло, а веќе кон крајот на денот се очекува значителна промена на времето. Под влијание на влажен и студен воздушен бран, облачноста ќе се зголеми и ќе има повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и в сабота, кога на места ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика нагло опаѓање на температурата на воздухот за околу 15 степени. На планините се очекуваат врнежи од снег, особено во северните делови од земјава каде снежната граница можно е да се спушти и под 1.500 метри надморска височина.

Од недела времето ќе биде претежно стабилно, со студени утра и со благ пораст на дневната температура.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците од утре на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од утре, 29 април, ќе бидат на пролетен распуст. Распустот ќе трае 8 дена, а во училишните клупи ќе се вратат...