fbpx

Димитров: Македонија и Грција уште сега треба да се однесуваат партнерски

-

Ако сакаат во иднина да бидат партнери во Европската Унија и во НАТО, Македонија и Грција треба уште отсега така да се однесуваат, оцени македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, во интервју за денешниот број на грчкиот весник „Катимерини“.

Димитров, кој денеска во Солун учествува на четиристраната средба на Македонија, Грција, Албанија и на Бугарија, вели дека со неговиот грчки колега, Никос Коѕиас, градат пријателска атмосфера и отворена комуникација, проткаена со заемно разбирање на меѓусебните позиции.

– Ова е искрен напор за продлабочување на заемната доверба и за создавање поволна клима за соработка, која ќе ни помогне да го пронајдеме патот, што ќе нè води кон напредок. Нашите напори извираат од потребата за соработка како соседи, во регионална смисла, но и во европскиот дух и од свесноста за несигурноста и непредвидливоста во светот денеска – вели Димитров.

Во однос на неговите неодамнешни тврдења дека Македонија не треба да биде единствената што ќе има право на македонскиот идентитет и дали тоа е показател за можност да се постигне компромис за името, Димитров вели дека идеите за екслузивност во минатото беа само извор на поделби и немир во регионот и пошироко.

– Во денешниот глобално поврзан свет, кој е погоден од насилство, никој не може да излезе како победник во ситуација во која соседот станува губитник. Како и да е, сите сме сведоци дека национализмот, ексклузивната политика во случајот на Балканот беше ништо друго, освен извор на поделби и на конфликти. Нашите намери се јасни: сакаме да креираме атмосфера во која двете страни ќе можат да ги слушнат своите ставови и да согледаме што можеме да изградиме на тие основи – вели Димитров, додавајќи дека двете земји треба да имаат разбирање за различните позиции за одредени прашања.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ангеловска-Бежоска: Земјите од Западен Балкан годишно губат 18 отсто од БДП поради родовиот јаз на пазарот на труд

Последователните економски шокови изминатите години дополнително го отежнуваат намалувањето на родовата нееднаквост, поради нивното понеповолно влијание врз женската популација. Кај повеќето земји од регионот на Западен Балкан стапката на...