fbpx

Соборен руски авион на границата помеѓу Турција и Сирија

-

Руското министерство за одбрана соопшти дека руски воен авион „су-24“ бил соборен на границата помеѓу Турција и Сирија.

Според прелиминарните извештаи, авионот е соборен со ракета од земја. Министерството соопшти дека пилотите пред експлозијата успеале да се катапултираат и сега се утврдува што се случува со нив.

„Су-24 на руската авијација паднал на терориторијата на Сирија. Леталото се наоѓало во воздушниот простор на Сирија на висина од 6.000 метри“, се наведува во соопштението.

Воениот авион го соборила турската војска откако претходно бил нарушен турскиот воздушен простор, иако бил предупреден 10 пати во рок од пет минути.

Два турски млазни авиони „ф-16“ кои биле на патролна должност долж границата, учествувале во соборувањето на авионот, се вели во соопштението на турската војска.

Еден од пилотите на соборениот авион паднал во рацете на туркменистанските сили во Северна Сирија, тврди телевизијата „Си-Ен-Ен Турк“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...