fbpx

Со танц-фестивал ќе се одбележи Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

-

Со еднодневен инклузивен танц-фестивал под мотото „Имам можности, имам избор“, денеска се одбележува Светскиот ден на лицата со Даунов синдром.

На танцовиот фестивал, кој е во организација на „Трисомија 21“ – Скопје, во соработка со танцовиот клуб „Денсерс јунајтед МК“, ќе учествуваат околу стотина изведувачи од Македонија со и без попреченост.

– Идејата е да се покаже дека е важно на лицата со Даунов синдром да им се даде избор и можност да се изразуваат, за развој на нивните способности и за целосно вклучување во општеството – велат организаторите.

Танцовиот фестивал точно напладне ќе се одржи во Театар „Комедија“, додека вечерва, во 20 часот, во „Концепт 37“ ќе се одржи „Танц-караоке“, настан на кој учесниците, покрај гласовните, ќе можат да го покажат и своите танцувачки способности.
Влезот и за двата настана е бесплатен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руските трупи влегоа во воздушната база во Нигер каде се стационирани американски војници

Рускиот воен персонал влезе во воздухопловната база во Нигер каде се сместени американски војници, по одлуката на нигерската хунта да ги протера американските сили од земјата, пишува Гардијан. Воените офицери...