fbpx

Скопјанец пљачкосувал стан во Карпош, откако се спријателил со ќерката на сопственикот

-

Дваесет и осумгодишен скопјанец е осомничен дека украл уникатен златен накит и предмети од злато со антиквитетска вредност од стан во населбата Карпош, откако претходно се запознал со ќерката на сопственикот и подолго време останувал во станот, собирајќи го пленот, чија вкупна вредност била проценета на околу шест милиони денари.

Според полицијата, осомничениот Б.А. кражбата ја извршил во периодот од 31 мај до 14 јуни, користејќи можност додека родителите на девојката биле на одмор.

За да остане сам во станот и да може слободно да претура по собите, ја испраќал девојката да му уплаќа тикети во спортски обложувалници, а во еден случај ја пратил во населбата Кисела Вода за да му подмири наводен долг.

„Тогаш пријавениот останувал сам во станот, при што детално вршел пребарување и во гардероберот пронашол една сива чанта со тврд оквир, заклучена со клуч со две спојки, при што со шрафцигер успеал насилно да ја отвори. Од чантата пронашол и одзел големо количество уникатен златен накит, како и предмети од злато со антиквитетска вредност. Истиот не се задоволил со одземените предмети, туку продолжил со пребарување во станот, при што пронашол и одзел уште камера, фотоапарати, мобилен телефон, часовник и други предмети“, стои во соопштението од МВР, за случајот.

По наредба на судија на претходна постапка, полициски екипи извршиле претрес во станот, кој осомничениот го земал под закуп, каде пронашле дел од украдените предмети, додека во станот, на кој се водел по личните документи, полицијата не пронашла ништо.

„Од страна на оштетените, извршено е препознавање, при што со сигурност ги препознаа одземените предмети бидејќи се работи за уникатни златни парчиња и со потврда истите им се вратени“, велат од МВР.

Инаку, Б.А. бил уапсен на 29 јуни, и веднаш бил префрлен во затворот „Идризово“ за издржување на казната за претходно извршени измами.

Од полицијата додаваат дека тој бил познат извршител на кривични дела од областа на имотните деликти и во периодот од 2003 до 2014 година против негов биле поднесени 15 кривични пријави.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...