fbpx

Скандал: Наместо божица, „Браќа Манаки“ ќе додели машки лик?

-

Статуетката „Бона Деа“ која беше најавена како награда во категоријата „Нов европски филм“, на фестивалот „Браќа Манаки“, не е фигура на римската божица, туку статуа на машки лик пронајдена пред 35 години во археолошкои локалитет Хераклеја.

Експерти од Завод и музеј Битола тврдат дека досега во Македонија траги од култот на божицата Бона Деа не се најдени.

Арехологот Енгин Насух тврди дека предметот што се промовира како Бона Деа е ископан во Хераклеја во 1980 година, но нема име и се води како фигира на млад маж.

– Ако некој нашол такви траги во Македонија, би бил пресреќен кога би ги споделил со нас. Предметот е фигура на млад маж. Тој е објавен од археологот Томе Јанакиевски во 1987 година, во неговата книга за театарот во Хереклеја. За конктретниот предмет ние немаме информација дека го има во странски музеј – вели археологот Насух.

Директорот на фестивалот, Димитар Николовски –Таки, пак, тврди дека ова статуетка е негов избор и дека нема никаква грешка бидејќи тој се водел според интернетот. Во исто време, вели дека и тој е историчар на уметност и дека добро ја познава оваа тематика.

– Ако кликнете на интернет, ќе ви излезе фигурата на Бона Деа, а не машка фигура. Самата идеја беше да биде нешто од Битола, од Хераклеја, и да може да се афирмира на фестивалот. Оваа фигура е на постер и се продава во лондонскиот музеј – вели директорот Николовски.

Ова статуетка останува да се додели на најдобриот европски филм на годинешното издание на фестивалот.

Арехеологот Насух тврди дека сите линкови на интернет за спорната фигура потекнуваат од Битола, а не од Лондон.

– Тврдењето дека тој предмет не се наоѓа во музеите во Македонија е дискутабилно. Жал ми е што дојде до една ваква ситуација – вели Насух.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...