fbpx

СЈО: Формирањето на специјални одделенија е целисходно

-

Евентуалното формирање на специјални одделенија е целисходно, велат за „Мета“ од Специјалното јавно обвинителство, во врска со иницијативите за формирање специјални одделенија во судот и во  МВР, за случаите на СЈО.

Оттаму велат дека нема да даваат понатамошни коментари по овие прашања бидејќи, како што велат, нивната работа е да спроведуваат независни истраги.

„Сметаме дека евентуалното формирање на специјални одделенија е целисходно, меѓутоа нашата работа е да спроведуваме независни истраги и поради тоа не би се впуштале во понатамошни коментари“, се вели во одговорот на СЈО на нашите прашања во врска со тоа кој е нивниот став за најавите за формирање специјално полициско одделение кое би помагало во предметите што ги води СЈО, како и за формирање специјално одделение во судот за процесуирање на нивните случаи.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска изјави дека предлозите за формирање на вакви одделенија се неприфатливи.

– За нас тоа не е прифатливо – кратко одговори Груевски, кој денеска беше во посета на општината Долнени, Прилепско.

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, денеска изјави оти смета дека не треба да се менува концептот на кој е поставено судството, но доколку се наметне прашањето за формирање на специјално судско одделение, што според него, постојниот закон и Уставот не го дозволуваат, потребна е законска интервенција, која треба да се направи многу внимателно.

„Јас, како претставник на институцијата која е одговорна за судството, и Судскиот совет воопшто сме на мислење дека не треба да се менува концептот на кој е поставено судството во постојниот систем. Сепак, доколку таа идеја се прифати од страна на четирите најголеми партии кои преговараат со претставниците на меѓународната заедница и доколку биде постигнат политички договор, треба да се знае дека судството не работи врз основа на политички договор, туку врз основа на Устав и на закон. Значи, сè мора да биде во рамките на Уставот и на законите. Ние, како судско тело, сме надлежни и должни да ги спроведуваме законите и да постапуваме во согласност со нив“, вели Караџоски, а пренесува „Академик“.

Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, вчера изјави дека формирање на специјално полициско одделени би било нелогично решение, бидејќи, според него, актуелниот Закон за кривична постапка (ЗКП) овозможува кое било обвинителство да побара и да му бидат ставени на располагање онолку лица од МВР колку што му се потребни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...