fbpx

Силниот ветер во Полошко предизвика голема материјална штета

-

Паднати лимени покриви, рекламни паноа, откорнати дрвја. Ваква е сликата попладнево во Тетово, по силниот ветер што утринава го зафати полошкиот регион.

Досега тетовската противпожарна единица интервенираше седум пати, на повеќе оштетени покривни конструкции.

Јавното комунално претпријатие ги расчистуваше јавните површини од гранки, билборди и од тенди кои оштетија и вкупно шест возила на улиците Илинденска и Љуботенска во Тетово.

Градоначалничката Теута Арифи денеска беше во посета на домовите чии покриви беа најоштетени од силниот ветер, кој дуваше со бризна до 90 километри на час.

– Го посетив семејството Халим од Тетово. Врз нивниот покрив паднал лимен покрив од соседна зграда. Има само материјална штета, за среќа, нема повредени, тоа е најважно. На наредна седница на Советот, ќе се залагам сите семејства што претрпеа оштета  од невремето да добијат еднократна парична помош – изјави градоначалничката Арифи.

Слични оштетувања силниот ветер предизвика и во гостиварскиот регион. Невреме со силен ветер го погоди Гостивар кон крајот на ноември минатата година, кога освен предизвиканата материјална штета, беа повредени и две лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...