fbpx

Силен земјотрес го погоди Борнео

-

Земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтеровата скала го погоди малезискиот остров Борнео, во близина на местото Монт Кинабалуа, и предизвика оштетување на патиштата и на зградите, а има и повредени планинари.

Локалните власти јавуваат дека повредени се најмалку четири планинари, кои имаат скршеници и повреди на глава, предизвикани од камењата што се одрониле од гранитниот планински врв, висок 4.095 метри.

На планината има заробено 145 лица, а операцијата за спасување е во тек.

– Потресот беше толку силен што предизвика пукање на карпестиот врв познат како Магарешки уши – рече министерот за туризам на државата Сабах, Масиди Манјун, додавајќи дека планинарењето е запрено на неопределено време.

Американскиот институт за геологија наведе дека земјотресот настанал на длабочина од 10 километри, а епицентарот бил на 54 километри источно од Кота Кинабалуа.

Засега нема извештаи за поголеми штети или повредени во другите делови на Сабах.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...